Четири општини со сертификати за поволно деловно опкружување
Објавено во: Економија 07 Јуни, 2013
Успешно поминат процесот на сертификација во рамки на проектот Сертификација со поволно деловно опкружување во ЈИЕ за општините Штип, Струмица, Струга и Велес.
Како пилот општини вклучени во проектот кој е во завршна фаза, денеска ќе добијат сертификати на националната конференција што ја организира Сојузот на стопански комори (ССК) во партнерство со Заедницата на единиците на локалната самоуправа на ЗЕЛС.
Главна цел на проектот е да ја развие регионалната соработка за подобрување на ефикасноста на општините во растечката меѓународна конкуренција во економскиот сектор. Проектот е поддржан од Отворениот регионален фонд за Југоисточна Европа – Подобрување на општинските услуги при Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ), финансиран од германското Сојузно министерство за соработка и развој.