03 Мај, 2024
0.0286

„ЧЕЗ“ покрена меѓународна арбитража против Албанија

Објавено во: Свет 16 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Чешката енергетска компанија „ЧЕЗ“, денеска на својата Интернет страница објави дека официјално покренала меѓународна арбитража против Албанија.

Компанијата ја информирала албанската страна за одлуката да поднесе тужба до Меѓународниот арбитражен суд и да побара оштета за штетите предизвикани од „незаштитената инвестиција“ во албанската компанија на „ЧЕЗ“.

Лиценцата на „ЧЕЗ“ беше одземена од Албанското регулаторно тело во јануари поради „непридржување кон договорот со Владата на Албанија“ и тогаш се зборуваше дека оштетното побарување на компанијата ќе изнесува 200 милијарди евра.

Според комисијата, „ЧЕЗ“ не ги исполнила обврските од договорот што се однесуваат на увозот на струја и на инвестиции во модернизацијата на албанскиот електроенергетски систем и најави побарување за отштета.

- Според портпаролката на чешката електродистрибуција, Барбора Пулпинова сумата која се бара како надомест на посочената штете се уште не е наведена, но и дека тужбата не ја исклучува можноста за евентуална вонсудска спогодба.

„ЧЕЗ“ во Албанија влезе во 2009 година, кога за околу 102 милиони евра откупи 76 проценти од тамошниот дистрибутер на електрична енергија.

Проблемите започнаа минатата година, кога Регулаторно тело на Албанија речиси двојно ги зголеми тарифите кои компанијата требаше да ги плаќа на државната електроенергетска компанија.

Претходно, се зборуваше дека повеќе албански фирми и домаќинства имаат огромни стомилионски долгови кон чешката компанија, но ситуацијата се влоши кога „ЧЕЗ“ започна со исклучување на локалните водоводи од електричната мрежа, кои користеле струја на „црно“.

Можеби ќе ве интересира

ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА ВО БЕРЛИН - отровен чад го покри небото, видлив со километри наоколу (ВИДЕО)

ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА ВО БЕРЛИН - отровен чад го покри небото, видлив со километри наоколу (ВИДЕО)

ПРЕДВИДУВАЊЕ ЗА СМРТТА НА КРАЛОТ ЧАРЛС: Датумот наводно е познат, велат дека не му останува уште многу време

ПРЕДВИДУВАЊЕ ЗА СМРТТА НА КРАЛОТ ЧАРЛС: Датумот наводно е познат, велат дека не му останува уште многу време

„НЕ Е ИСКЛУЧЕНО, ЈА ЗНАЕМЕ ОПАСНОСТА“ - на ТикТок му се заканува забрана за работа и во Европа

„НЕ Е ИСКЛУЧЕНО, ЈА ЗНАЕМЕ ОПАСНОСТА“ - на ТикТок му се заканува забрана за работа и во Европа

ЗАЧЕСТИЈА „ПРИКАЗНИТЕ“ ЗА КЕЈТ И ВИЛЈАМ: „Не ја поднесува добро хемотерапија, принцот нема да остане долго со неа“

ЗАЧЕСТИЈА „ПРИКАЗНИТЕ“ ЗА КЕЈТ И ВИЛЈАМ: „Не ја поднесува добро хемотерапија, принцот нема да остане долго со неа“

БУРА НА ЗАПАДОТ - Германија ја обвини Русија за сајбер напади: „Тие се контролирани од тајната служба“

БУРА НА ЗАПАДОТ - Германија ја обвини Русија за сајбер напади: „Тие се контролирани од тајната служба“

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЦЕНИ: Камион влета во топла народ, возачот не кренал рачна, прегазени 29 ученици (ВИДЕО)

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЦЕНИ: Камион влета во топла народ, возачот не кренал рачна, прегазени 29 ученици (ВИДЕО)

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот