08 Декември, 2024
0.0488

Членовите на задолжителниот пензиски фонд на „Сава“ за еден ден станаа побогати за 3,5 милиони евра! Кој е нивниот добротвор?

Објавено во: Економија 29 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Менаџментот на задолжителниот отворен пензиски фонд на „Сава“ направи деловен потег со кој во еден ден ги збогати сметките на своите членови за 3,5 милиони евра. Добротворите на сегашните и идни пензионери на „Сава“ платија 6,57 милиони евра сите акции на пензискиот фонд во „Македонијатурист“. Со овој деловен потег идните пензионери на фондот на „Сава“ во еден ден заработија односно направија капитална добивка од 120% во однос на цената по која ги купија акциите во хотелиерската компанија

Менаџментот на отворениот задолжителен пензиски фонд на „Сава“ во само еден ден ги направи побогати сите над 261.000 членови. Задолжителниот пензиски фонд на „Сава“ пред два дена (средата) ги продаде сите свои 39.789 акции со право на глас во најголемата хотелиерска компанија „Македонијатурист“. За тоа од новиот или новите сопственици на акциите наплати 6,57 милиони евра.

Просечната куповна цена по која фондот на „Сава“ платил 4.774 денари сега ги продаде по просечна цена од 10.150 денари за акција. Разликата односно капиталната добивка по акција изнесува 5.376 денари односно 84,7 евра.

Односно отворен инвестициски фонд на „Сава“за акциите кои ги платил вкупно 3,09 милиони евра, од нивната топ-тан продажба во еден ден на берза наплати 6,57 милиони евра.

Сите детали за сметководствената евиденција на активата со која располага отворениот задолжителен пензиски фонд на „Сава“ се достапни на следниот линк https://www.sava-penzisko.mk/media/store/savaPok/mk-MK/Fin-Izvestai/Kvartalni/2024/Sava-penziski-fond---31.03.2024-Nerevidirani.pdf

До сега отворениот инвестициски фонд на “Сава“ беше еден од петмината најголеми акционери и поседуваше 8,8 отсто од акциите со право на глас во „Македонијатурист“. Од понеделник овие акции ќе имаат нов сопственик или сопственици – тие се добротворите на членовите на пензискиот фонд на „Сава“.

Оваа трансакција со акциите на актуелни и претежни идни пензионери кои штедат за својата пензија во фондот на „Сава“ беше доказ за благодорната мисија која ја има пензиската реформа која во Македонија беше реализирана пред петнаесетина години. Нејзината цел е континуирано и долгорочно оплодување на вложувањата односно одвојувањата од пензиските придонеси кои треба да донесат финансиски мирни и стабилни пензионерски денови на повеќе од половина милион сегашни и пред се идни пензионери во трите задолжителни отворени пензиски фондови од вториот столб.

Поголем дел од акциите отворениот фонд на „Сава“ во „Македонијатурист“ ги купуваше пред повеќе од десет години, а во континутет помали количества акции купување и во периодот до пред три години. Вкупно стигна до посед врз 8,8 отсто од сите акции со право на глас во таа компанија

Во средата во блок трансакции беа истргувани вкупно 44.449 акции што значи дека освен пензионерите од отворениот фонд на „Сава“ акции продавале и други помали акционери.

Кој е добротворот на пензионерите од „Сава“ односно новиот акционер во „Македонијатурист“?

Допрва официјално ќе видиме кој е новиот акционер или акционери во „Македонијатурист“, а промената официјално ќе биде објавена во јавната база на податоци на Централниот депозитар на хартии од вредност.

Неофицијално дознаваме дека нови сопственици се домашни односно македонски акционери кои и досега вложуваат сопствени средства во акции на најголемата хотелиерска компанија во земјава. 

Р.Ф.

foto freepik.com/claudiodiv

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Функционерите во Црна Гора си ги зголемуваат платите за 30 отсто

Функционерите во Црна Гора си ги зголемуваат платите за 30 отсто

Купувањето пелети за греење се враќа во Македонија

Купувањето пелети за греење се враќа во Македонија

Еве како може да знаете дали 600-те производи од „новогодишната кошничка“ ќе бидат навистина намалени

Еве како може да знаете дали 600-те производи од „новогодишната кошничка“ ќе бидат навистина намалени

ВМРО-ДПМНЕ: Во раскинатиот договор со „Марковски компани“ подизведувач била фирма на Заеви

ВМРО-ДПМНЕ: Во раскинатиот договор со „Марковски компани“ подизведувач била фирма на Заеви

„ Светските енергетски лидери во Скопје: Македонија домаќин на глобалниот форум за енергетска иднина во 2025“

„ Светските енергетски лидери во Скопје: Македонија домаќин на глобалниот форум за енергетска иднина во 2025“

Ангеловска-Бежоска: Инфлацијата е упорна, платите многу се зголемија

Ангеловска-Бежоска: Инфлацијата е упорна, платите многу се зголемија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Минималната плата ќе ја договорат синдикатите и работодавачите, премиерот нема да се меша

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Минималната плата ќе ја договорат синдикатите и работодавачите, премиерот нема да се меша

МИЦКОСКИ ЗА СОЦИЈАЛНАТА ПОМОШ: Некои корисници примале до 60.000 денари, некои се починати, некои долго се отсутни од државата

МИЦКОСКИ ЗА СОЦИЈАЛНАТА ПОМОШ: Некои корисници примале до 60.000 денари, некои се починати, некои долго се отсутни од државата

ЧЕТИРИ МЕСЕЦИ ПО РЕД: Светските цени на храната растат

ЧЕТИРИ МЕСЕЦИ ПО РЕД: Светските цени на храната растат