Чомовски не можел да знае за големите суми на Боки 13 и телевизијата, а Русковска му одговори
Објавено во: Македонија 20 Јули, 2019
Новинарот на 1ТВ, Александар Чомовски во емисијата „Стадион“ на Канал 77 изјави дека не можел да знае дека големи суми влегле во телевизијата, бидејќи како што истакна тој Боки 13 се облекувал и луксузирал исто и пред 10 години. На овој коментар го демантираше Јавната обвинителка Русковска.
„Не е така,не е така, зашто беше должен на сите страни и каде стигнеше секаде го тепаа, не беше така и пред 10 години, сепак сме луѓе од градот и знаеме многу работи“, му одговори Вилма Русковска, Јавната обвинителка за организиран криминал и корупција на новинарот Чомовски, во емисијата „Стадион“ на канал 77.