27 Април, 2024
0.0263

ЧОВЕК ОД ДОВЕРБА НА МИЦКОСКИ И ГЛАВНА ЗА ФИНАНСИИ ВО ПАРТИЈАТА - Димитриеска-Кочоска отсега и во Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

Објавено во: Економија 22 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Покрај другите изненадувања на кои јавноста сведочење вчера по Седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, една интересна нова личност влегува во еден од највисоките раководни органи на опозициската партија. 

Станува збор за Гордана Димитриеска-Кочоска, во последниов период една од најблиските соработнички и човек од доверба на лидерот на партијата Христијан Мицкоски. 

Според партиски извори, Димитриеска-Кочоска и досега беше исклучително значајна фигура во партијата. Сознанијата говорат дека нејзините препораки и ставови за одредени прашања се сметаат за многу битни при носењето на партиските одлуки, особено оние што се однесуваат на финансиските работи. 

Димитриеска-Кочоска во текот на шесте месеци постоење на техничката влада, беше дополнителна заменичка министерка за финансии од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, каде што требаше да се грижи за парите од државниот буџет да не бидат потрошени во некои предизборни цели, со кои владејачката партија би ја придобила наклонетоста  на гласачкото тело на изборите.

И таа навистина ревносно ја вршеше таа своја задача. На тогашната министерка за финансии Нина Ангеловска, условно речено, и создаваше главоболки, информирајќи ја јавноста дека не и давала доволно пристап до „книгите и документите“ од ресорот за финансии, со што таа би можела да следи прецизно како и за што се трпошат народните пари. 

Димитриеска-Кочоска опстои на таа своја задача, па одби дури и да го стави својот потпис на поволниот заем за земјава од Светска банка, тежок 90 милиони евра, наменет за Македонија полесно да се справи со последниците од ковид кризата, но и да го подобри здравствениот сектор.  

Потоа, во интервју за Фактор, таа објави дека Државната изборна комисија дозволила заемот да се земе и без нејзиниот потпис, но тогашната министерка Ангеловска одлучика средствата од заемот да се повлечат после изборите. 

Откако поминаа изборите и СДСМ и ДУИ ја формираа новата Влада, продолжи посртапката за повлекување на овој заем. 

Димитриеска-Кочоска вчера доцна вечерта на фејсбук напиша дека и е голема чест и задоволство што стана дел од Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ми претставува особена чест што од денеска токму јас сум дел од Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Посебна одговорност е ваквата доверба која ми ја укажа претседателот Христијан Мицкоски, а ја поддржа и потврди Централниот комитет на партијата.

Работевме и ќе продолжиме да работиме во насока на подобрување на севкупните општествени текови. Нашата борба не застанала, туку напротив, од сега уште посилно ќе продолжи со една мисла, со една цел, а таа е јасна: Да ставиме крај на ова мафијашко владеење и да си ја земеме Македонија во свои раце.

Македонија е наш дом, наша светлина и за неа вреди секоја борба и жртва“, напиша Димитриеска-Кочоска на својот фејсбук профил.

Од нејзината биографија може да се види дека Димитриеска Кочоска е магистер по економски науки на Универзитетот Св. Кирил и Методиј. Таа е дипломиран економист и дипломирала на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со просечна оценка од 9.55. Димитриеска Кочоска поседува обуки, професионални надградби и меѓународни сертификати од повеќе области, како што е анализа на финансиски извештаи, сметководствена аналитика, менаџирање, контрола и управување, завршила и Академија за контрола, во Менаџмент центар Белград, а лиценцирана од CA Akademie AG. Вработена е во приватна компанија како финансиски консултант во областа на контролинг и финансии. Претходно работела во Стопанска Банка, во Македонски Телеком во секторот на даноци, во Министерство за финансии во Секторот за јавен долг, а воедно во одреден период е и директор за финансии во ЕЛЕМ, во времето кога со оваа компанија управуваше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Приватно Димитриеска Кочоска е мажена и е мајка на две деца.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра