07 Мај, 2024
0.0258

Чулев : Македонците од Крузерот се вратија дома

Објавено во: Македонија 17 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев изјави дека четири македонски државјани кои уште од почетокот на февруари беа задржани на луксузниот крузер „Дајмонд Принцес“ во Јапонија во Јокохама денеска пристигнале дома по изминатиот период на контрола во Белград.

- Шестмина се влезени во Македонија, од кои двајца се албански државјани и заминале во Албанија, додека другите четворица се веќе дома, рече Чулев.

Чулев додаде дека полицијата во Скопје контролира 173 лица во изоцаија, а затворени се седум угостителски објекти , од кои пет од страна на сопствениците.

- Битола има 13 лица кои полицијата ги обезбедува. Тетово 16 лица по мерка здравствен надзор, со едно прекршување. Охрид има 82 лица под здравствен надзор во домашна изолација, а контролирани се 131 угоститески објект. Струмица е со 12 лица, од кои кај едно лице има прекршување и поднесена е соодветна пријава. Куманово се 6 лица, а Штип 8 лица, рече Чулев.

Специјалните полициски единици спречиле 14 обиди без дозвола за напуштање на општините Дебар и Центар Жупа, каде што е прогласена кризна состојба.

Во моментов повеќе од 200 македонски државјани со автобуси и приватни возила се заглавени на граничните премини на враќање дома и граничните полицајци се во постојан контактсо нив  и се очекува денеска нивно пристигнување, информира Чулев.

0800-0021 е телефонскиот број на кој на македонски и абански јазик може да има  пријавување случаи за непочитување на одлуките на Владата во врска со забраните и препораките за корона вирусот






Можеби ќе ве интересира

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ДЕТАЛИ: Возач на „ауди“ од Сарај преполови автомобил во Влае, жена се бори за живот

ДЕТАЛИ: Возач на „ауди“ од Сарај преполови автомобил во Влае, жена се бори за живот

Двојно повеќе посети од Македонците во Грција

Двојно повеќе посети од Македонците во Грција