05 Мај, 2024
0.0255

ЧУЛЕВ: МОНИКА БИЛА НАПАДНАТА ЗАЕДНО СО МАЈКА И - МВР постапува против насилниот татко

Објавено во: Македонија 27 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Во однос на фотографиите објавени на социјалните мрежи на кои се гледа лице со повреди на главата, ја информирам јавноста дека вчера во вечерните часови полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Р.(64) од Скопје поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело по член 130 од кривичен законик и се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот.

Имено, Министерството за внатрешни работи во конкретниот случај постапуваше по пријава од страна на М.Р. (31) дека таа и нејзината мајка К.Р. (62) по претходна расправија биле физички нападнати од нејзиниот татко С.Р. (64) при што и биле нанесени телесни повреди.

Како министер, но пред се како човек го осудувам секој вид на насилство, особено семејното насилство кое е насочено врз жените. Ги охрабрувам граѓаните да ја пријавуваат секоја форма на насилство, а Министерството за внатрешни работи ќе постапува професионално во насока на целосно расчистување на истото.

А Фактор веќе ги објави фотографиите на Моника Ристевска, или популарно наречената Моника Конопова, која за тоа ја информираше јавноста на својот профил, со вознемирувачки фотографии кои сведеочат за насилството што го доживеала оваа млада жена. 

Можеби ќе ве интересира

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ПРОГНОЗА: Kaкво време ќе имаме денеска и следните денови?

ПРОГНОЗА: Kaкво време ќе имаме денеска и следните денови?

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ: Православните верници го слават Велигден

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ: Православните верници го слават Велигден

ЗА ПРАЗНИЦИТЕ СЕ ОГЛАСИ И ИВАНОВ: Им честиташе на граѓаните

ЗА ПРАЗНИЦИТЕ СЕ ОГЛАСИ И ИВАНОВ: Им честиташе на граѓаните