Чулев побара за 1 Мај да нема карантин
Објавено во: Македонија 27 Април, 2020
Наќе Чулев, министерот за внатрешни работи, на денешната седница на Координативниот штаб во владата побара да нема карантин за празничниот 1 Мај, односно истиот ден полицискиот час да важи од 19.00 часот. Според техничкиот министер, за претстојниот викенд треба да важи истата мерка на ограничување на движењето како и изминатиот, односно да важи од сабота од 15.00 часот до понеделник до 05.00 часот.
„Во таа насока, а во пресрет на продолжениот викенд за 1 мај, сметам дека владата треба да донесе одлука која ќе биде идентична на изминатиот викенд. Секое ограничување кое ќе биде построго и поригирозно негативно ќе се одрази на граѓаните. Граѓаните се одговорни, совесни и генерално ги почитуваат мерките за ограничување на движењето. Тие се свесни за ризикот кој го носи заразата од Covid 19 и ги применуваат мерките за заштита на своето здравје“, објави Чулев во дел од својот статус на Фејсбук.
Тој и понатаму стои на ставот дека шумите и планините треба да останат отворени во периодот кога е дозволено движењето за граѓаните, но тие да се користат за рекреирање, а не за групирање на граѓаните.
- Апелирам до граѓаните да ги почитуваат одлуките кои се однесуваат на задолжителна употреба на соодветна заштитна опрема, а Министерството за внатрешни работи, односно полициските службеници и понатаму ќе стојат во првите редови во заштита на животот и здравјето на сите нас, вели Чулев.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.