Чулев тврди дека отвориле истраги за носители на јавни функции
Објавено во: Македонија 27 Мај, 2020
Министерството за внатрешни работи отвора неколку истраги во кои инволвирани се и носители на јавни функции, ова ексклузивно за ТВ21 го потврди министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев.
„Ние веќе имаме отворено сериозни истраги, во областа на организираниот криминал и во областа на корупцијата“, вели тој.
Додава дека детално ќе ја информираат јавноста за што се работи.