МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Ќе имаме околу 60 илјади гласа, потврдивме минимум пратеничка група
Објавено во: Македонија 08 Мај, 2024
Максим Димитриевски на пресконференцијата и честиташе на Давкова за изборот за претседател и и посака да ја води Македонија во правилна насока и да биде секогаш тука за грашаните.
„Воедно, да им честитам и на ВМРО-ДПМНЕ за убедливата победа која што ја освоија. Верувам дека овие избори ќе бидат дополнителна поука за сите останати политички субјекти кои гравитираа.
А за нас од ЗНАМ гордо можам да потврдам дека ЗНАМ од вечерва ја започнува својата борба за достоинствена Македонија.
Движење ЗНАМ вечерва испиша историја заедно со граѓаните. Ние потврдивме минимум пратеничка група и некаде околу 60 илјади гласови.
Да им се заблагодарам на сите граѓани кои гласаа за ЗНАМ. Од денеска продолжуваме натаму, како што ветувавме во кампањата.
Формирани сме од граѓаните, ќе работиме со граѓаните и ќе бидеме за граѓаните. Нашата иднина почнува од вечерва и од вечерва почнува креирање на нашата слика.
Битни се постигнатите околу 60 илјади гласови, ќе ја потврдиме довербата. Ова е историска победа, веќе нема да живееме во црно сив свет.
Продолжуваме натаму за достоинствена и горда Македонија.