04 Мај, 2024
0.0516

Чуварите на нафтените резерви се уште со празни раце

Објавено во: Економија 04 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Поминаа уште едни законски измени, а државата не го регулираше прашањето за надоместокот кон приватните компании кои ги чуваат државните нафтени резерви. И годинава Макпетрол, ОКТА и Лукоил ќе треба да ги складираат резервите, а за тоа да не добијат ниту денар. Со измените на Законот за задолжителни нафтени резерви, за една година или до 2020 година се пролонгира плаќањето на надоместокот. Проблемот не е нов, но во последниот период расте револтот кај нафтените компании затоа што плаќањето на надоместокот се пролонгира неколкупати, неколку години по ред. Во меѓувреме, државата наплатува од граѓаните за секој купен литар гориво и трошок за нафтените резерви.

Фактор веќе пишуваше дека според методологијата за пресметка на цените на горивата, потрошувачите плаќаат по 0,3 денари за секој купен литар дизел и по 0,89 денари за секој купен литар бензин за надоместок за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати. Од Дирекцијата за задолжителни резерви на нафта не соопштуват точно колку пари се собираат по оваа основа, но според процените на познавачите, оваа сума надминува осум милиони евра.

По неколкуратното одложување,нафтените компании очекуваа дел од овие средства да се искористат за да се покријат нивните трошоци за чување на резервите. Тврдат дека оваа практика е некоректна и дека ја одржаува нелојалната конкуренција. Во неколку наврати се закануваа дури и дека ако не се најде решение, повеќе нема да купуваат нафта од резервите односно нема да се јавуваат на тендерите што ги објавува Дирекцијата.

Инаку во Европската Унија, но и во земјите од соседството, ова не е случај и нафтените компании кои ги чуваат резервите земаат надомест за услугата.  На компаниите во земјава не им се наплатува, а според нивни пресметки, тие годишно трошат од три до четири милиони евра за чување на резервите.

Во моментов, на сила сеуште е Уредбата за утврдување на висината на надоместокот за чување и евапорација на задолжителните резерви на нафта и нафтени деривати, според која за складирање, чување и обновување на нафтените деривати од задолжителните резерви како надомест на трговските друштва се смета остварениот приход од користењето за сопствени потреби на најмногу 30 отсто по дериват од задолжителните резерви, во тековната година, со обврска таа количина да биде во целост надоместена заклучно до 31-ви декември секоја година.

За да се плаќа надомест треба да се донесе нова уредба за утврдување на висината на надоместокот за чување и евапорација на резервите на предлог на Министерството за финансии.

Инаку за ваквата ситуација каде чуварите на нафтените резерви не добиваат ниту денар за услугата која ја вршат, а истата е исклучително одговорна и бара ангажман на човечки и финансиски капитал, Македонија веќе беше укорена од  Европската енергетска заедница во ланскиот извештај.

Во својот извештај за Македонија, ЕЕЗ, регулаторот кој го следи процесот на исполнување на енергетските препораки на ЕУ, забележува дека земјава доцни со легислативата и го критикува односот на властите кон проблемот со државните нафтени резерви. Токму игнорирањето на европските енергетски директиви беше повод за сериозни несогласувања меѓу минатата власт и ЕЕЗ, која неколкупати се закануваше и со санкции за Македонија поради неисполнување на препораките.

Александра Томиќ

Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?