27 Април, 2024
0.0288

Ципрас и Павлопулос се за одржливо решение за името

Објавено во: Балкан 19 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Грчкиот премиер Алексис Ципрас на почетокот на средбата со грчкиот претседател, Прокопис Павлопулос изјави дека се потребни уставни промени како за ерга омнес, така и за елиминација на иредентизмот, за да постигнеме решение што ќе издржи низ времето. 

Тој како што јави дописничката на МИА од Атина, во претседателската палата го извести Павлопулос за разговорите за името и рече дека „се наоѓаме во критична фаза на преговорите за изнаоѓање заемно прифатливо решение за името“.

„Сакаме решение што ќе издржи низ времето и ќе биде одржливо. Затоа не правиме избрзани чекори и главно, во секој детал, ги браниме основните аспекти на националната линија за изнаоѓање заемно прифатливо сложено име, кое ќе биде за севкупна употреба, и за надворешноста и за внатрешноста, за што предуслов е уставна ревизија, промена на уставното име, но и уставна ревизија што ќе доведе до гаранции за елиминирање на секаков облик на иредентизам, за да се тргнат пречките меѓу двата соседни народи“- рече Ципрас. 

Тој додаде дека не станува збор за лесен, туку за тежок случај и затоа грчката Влада со него одговорно управува, но дека „во критичните прашања неопходно е да постои стремеж кон најголем можен консензус и компромис за да може решенијата да издржат низ времето“.

Грчкиот претседател на почетокот на средбата се фокусираше на тоа дека треба да има широк консензус. 

„Политичките сили може да имаат разлики меѓу себе, разлики коишто се легитимни, би рекол природни во една вистинска демократија, но по нашите најголеми прашања, како што се националните, потребен е што е можно најголем консензус, за да издржат низ времето“- вели Павлопулос.

По средбата со Павлопулос, што траеше нешто помалку од еден час, Ципрас си замина без да даде изјава за медиумите и го започна циклусот телефонски разговори со лидерите на политичките партии. 

Можеби ќе ве интересира

И ВО ПЕНЗИЈА НА РАБОТА: Сè повеќе трговски ланци бараат исклучиво пензионери

И ВО ПЕНЗИЈА НА РАБОТА: Сè повеќе трговски ланци бараат исклучиво пензионери

(ВИДЕО) ВИДЕОТО СТАНА ХИТ: Телохранителот му даде чешел на Ердоган

(ВИДЕО) ВИДЕОТО СТАНА ХИТ: Телохранителот му даде чешел на Ердоган

ТОМА ФИЛА ЗА ДАНКА: Добро би било да го најдат детето, но не верувам дека тоа ќе се случи

ТОМА ФИЛА ЗА ДАНКА: Добро би било да го најдат детето, но не верувам дека тоа ќе се случи

ПИЛИ, НОЖЕВИ, ЛОПАТИ... Од куќата на убиецот Данка Илиќ одземени се десетици предмети: Сите испратени на вештачење, а ова е детален список за тоа што зела полицијата

ПИЛИ, НОЖЕВИ, ЛОПАТИ... Од куќата на убиецот Данка Илиќ одземени се десетици предмети: Сите испратени на вештачење, а ова е детален список за тоа што зела полицијата

НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО ОТКРИЕНА ЛАЖНА „ПЛАЗМА“: Разбиен огромен синџир на продажба на фалсификувани производи

НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО ОТКРИЕНА ЛАЖНА „ПЛАЗМА“: Разбиен огромен синџир на продажба на фалсификувани производи

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење