20 Декември, 2025
0.0877

Cрбија: Cтранските инвестиции ќе надминат над милијарда евра

Објавено во: Балкан 21 Август, 2013 10:35

Добивај вести на Viber

Cтранските инвеститори, во првото полугодие од годинава, вложиле во разни проекти кои се реализираат во Cрбија, повеќе од половина милијарди евра, покажуваат податоците на Народна банка, пренесува Б92. Директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот (SIEPA), Божидар Лаганин, вели дека, имајќи ги в предвид започнатите и очекуваните нови проекти, реално се очекува вкупната сума на странски директни инвестиции во Cрбија во текот на оваа година, да достигне над една милијарда евра. „Ние не сме задоволни, ниту од досегашните резултати во привлекување на странски инвестиции, ниту од очекуваниот прилив во текот на целата 2013 година, и се укажува на тоа дека мора многу да се работи за да се постигне прилив на странски вложувања кои во потполност би ги задоволиле потребите на Cрбија на ова ниво од развојот“ - нагласува Лаганин во интервју за Танјуг. Директорот на SIEPE оценува дека, со оглед на реалните состојби во домашното производство, но и ситуацијата во светската економија, задоволителното ниво на странски инвестиции во земјата би било околу две милијарди евра на годишно ниво, или прилижно 5 отсто од вредноста на БДП. „Треба да се има в прдевид дека лани, на глобално ниво, е забележан пад на странските инвестиции од 18% и дека во таква ситуација, секој проект потешко се добива“ - предупредува тој.      

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација