ЦРН ПЕTOK: Tрет пад за една недела
Објавено во: Економија 20 Јули, 2018
Нафтата е на пат да забележи трет неделен пад.
Трговската војна меѓу САД и Кина го фрли во сенка ветувањето на Саудиска Арабија дека нема да го поплави пазарот со нафта.
Лесната нафта WTI во Њујорк се продаваше за 69,54 долари. Таа оваа недела падна за 2.1%.
Цената на американската нафта падна за 0.4% на 67,95 долари.
Нафтата брент мируваше на 72,57 долари, а вчера падна за 32 центи, додека на неделно ниво падна за 3.7%.