Црногорскиот МНР не отпатувал на инаугурацијата на Трамп, иако бил единствен поканет
Објавено во: Балкан 24 Јануари, 2025 11:15
Иако Владата на Црна Гора усвоила платформа за присуство на нејзиниот потпретседател и министер за надворешни работи Ервин Ибрахимовиќ на инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, тој не отпатувал поради „непланирани и оправдани околности“, објави „Вијести“.
Платформата усвоена од извршната власт предвидуваше Ибрахимовиќ да остане во САД од 18 до 21 јануари и да присуствува на инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател.
„Во врска со вашето прашање, сакаме да ве информираме дека, иако предлогот на платформата за посетата на вицепремиерот и министер за надворешни работи Ервин Ибрахимовиќ на церемонијата на инаугурација на американскиот претседател Доналд Трамп беше усвоен на седницата на Владата, а за кој одреден број медиуми ја пренесоа оваа информација, министерот „поради непланирани и оправдани околности не отпатува во САД, поради што Министерството за надворешни работи не ја објави посетата во медиумите“, реагираат од секторот на Ибрахимовиќ до весникот.
Шефот на дипломатијата за „Вијести“ изјави дека на инаугурацијата присуствувал и црногорскиот амбасадор во Вашингтон, Јован Мирковиќ, но не одговори која е конкретната причина зошто не отпатувал во САД.
„Согласно горенаведеното, корегиран е датумот на претходно резервираниот авионски билет и резервацијата за сместување во Вашингтон и не настана финансиска загуба поради откажувањето на патувањето“, тврдат од МНР.
Владината платформа предвидуваше Ибрахимовиќ да патува сам на инаугурацијата на Трамп, а патните трошоци да ги покрие МНР. Во документот се наведува дека Ибрахимовиќ требало да присуствува на церемонијата на покана на конгресменката Никол Малиотакис (Републиканска партија).
Владата, исто така, во својата платформа наведува дека присуството на Ибрахимовиќ на инаугурацијата на американскиот претседател е од особено значење за Црна Гора, „имајќи предвид дека Соединетите Држави се еден од (нивните) клучни евроатлантски сојузници.
„Учеството ќе овозможи воспоставување првични контакти со новата американска администрација, која ќе ги води процесите во следните четири години, а кои исто така ќе бидат значајни за остварување на дефинираните приоритети на Црна Гора како кредибилна членка на НАТО и најнапреден кандидат за Членството во ЕУ“. Дополнително, зајакнувањето на контактите ќе биде важно за обезбедување на континуитет на веќе започнатите или планираните проекти на билатералната црногорско-американска агенда“, се наведува во документот.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Шекеринска: НАТО внимателно го следи руското хибридно мешање на Балканот
Хорор во Чачак: Ги исекол грлата на родителита, па се избодел и си ги пресекол вените
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа





