КРАЈНО ОПАСЕН ИНЦИДЕНТ – АВИОН СЛЕТАЛ НА АЕРОДРОМОТ ВО ДУБРОВНИК, МУ СЕ ПРИБЛИЖИЛ ДРОН: Загрозена безбедноста на патниците и екипажот

Објавено во: Балкан 18 Април, 2025 09:58
Хрватската Агенција за цивилно воздухопловство извести за инцидент што се случил во неделата, на 13 април, во близина на аеродромот во Дубровник.
При финалното приближување за слетување на аеродромот во Дубровник, беспилотно летало опасно се доближило до патнички авион на надморска височина од околу 200 метри, со што била загрозена безбедноста на екипажот и патниците, самиот авион, но и животот и имотот на луѓето на теренот, соопшти Агенцијата. Екипажот на авионот веднаш го пријавил инцидентот во хрватската Контрола на летање, која ги известила надлежните полициски органи за настанот за да започне истрага.
Аеродромот затворен, летовите пренасочени кон Сплит
Аеродромот во Дубровник беше привремено затворен, што доведе до пренасочување на два патнички авиони кон аеродромот во Сплит. „Инцидентот не само што ја загрози безбедноста на луѓето, туку предизвика и значителна финансиска штета на авиокомпаниите и патниците.
Пренасочувањето на летовите повлекува дополнителни трошоци за превозниците, вклучително и продолжено време на летот, трошоци за сместување и превоз на патници до нивната крајна дестинација и можни плаќања за компензација поради доцнење. Се проценува дека директната штета по пренасочен лет може да се движи од 15.000 до дури 190.000 евра. „Индиректната штета, како што се пропуштените приватни и деловни обврски на патниците, тешко може да се изрази во парична смисла“, велат од Агенцијата.
Строги мерки и казни за неовластени летови со дронови
„Летењето на дронови во близина на аеродроми и во контролиран воздушен простор е дозволено само со претходно одобрение од надлежните служби за контрола на летање. Неовластеното летање се смета за крајно опасно и подлежи на прекршочна и кривична одговорност.
Хрватската агенција за цивилно воздухопловство, во соработка со Хрватската контрола за воздушна навигација и Управата на полицијата, секојдневно врши надзор и откривање на неовластени операции со беспилотни летала. Се применува политика на нулта толеранција кон операторите и пилотите на далечина кои ја загрозуваат безбедноста на воздушниот сообраќај, а казните за такви прекршоци можат да достигнат и до 20.000 евра.
Во неконтролиран воздушен простор, дозволено е летање на беспилотни летала до висина од 120 метри, но и тогаш пилотот мора да резервира простор преку порталот AMC на хрватската контрола за воздушна навигација. Овие правила се неопходни за безбедноста на другите корисници на воздушниот простор, како што се авионите на генералната авијација, армиските хеликоптери, полицијата, итната медицинска помош и комерцијалните летови“, додаваат од Агенцијата.
фото: UnsplashМожеби ќе ве интересира
БУГАРИЈА НА РЕФЕРЕНДУМ ЗА ВОВЕДУВАЊЕ НА ЕВРОТО: „Приклучувањето кон еврозоната е стратешка одлука“

КРВАВ ПОЛЗЕШЕ ПРЕД ХОТЕЛОТ - Во Загреб брутално претепан српски претприемач, еве кого обвинува

ОТКАКО ВУЧИЌ ОТИДЕ ВО МОСКВА: Пицула одговори дали е можно преговорите на Србија со ЕУ да бидат замрзнати

ПО ПОСЕТАТА НА ВУЧИЌ НА МОСКВА: Социјалдемократите повикуваат ЕУ да преземе мерки

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ ВО СРБИЈА: Паѓаше град со големина на јајце

(ВИДЕО) ГО ГАЃАА СО ЈАЈЦА: Луѓето го избркаа Милош Вучевиќ од црква

ВУЧИЌ СЕ ЖАЛИ ДЕКА НЕМА СИЛА: Објасни каква му е здравствената состојба

СТРАВИЧНА НЕСРЕЌА ВО ХРВАТСКА: Загинаа три лица, телата се извлечени од реката

ВУЧИЌ ОД МОСКВА: Благодарност до Црвената армија која помогна да се ослободи Србија
