ВОЕН СОЈУЗ СО КОСОВО, АЛБАНИЈА И ХРВАТСКА: Бугарските власти се огласија по изјавата на косовскиот министер
Објавено во: Балкан 16 Април, 2025 20:13
Бугарија сепак не влегува во воениот сојуз со Косово, Албанија и Хрватска.
Бугарскиот министер за надворешни работи, Георг Георгиев ги демантира информациите за неофицијален интерес на Бугарија за приклучување кон заедничката декларација на Албанија, Хрватска и Косово, објави БГНЕС.
Министерот објасни дека Бугарија во ниту еден момент не била консултирана или официјално поканета да се приклучи кон иницијативата. Георгиев потенцира дека земјата одржува одлични билатерални односи со сите три држави. Со две од нив – Албанија и Хрватска, Бугарија е сојузник во НАТО, додека во Косово има бугарски воен контингент, дел од мировните сили на НАТО (КФОР), чија задача е да го гарантира мирот и стабилноста.
Демантот на бугарскиот министер за надворешни работи доаѓа по изјавата на министерот за одбрана на Косово, Ејуп Маќедонци, кој во интервју за ТРТ Балкан кажа дека имаат потврда од Бугарија, која претходно разговарала со хрватскиот министер за одбрана, за да се придружи кон тројниот договор.
Освен придружувањето на Бугарија, Маќедонци кажа и дека очекува кон овој договор да се приклучат и други земји од регионот.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Шекеринска: НАТО внимателно го следи руското хибридно мешање на Балканот
Хорор во Чачак: Ги исекол грлата на родителита, па се избодел и си ги пресекол вените
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа





