19 Мај, 2024
0.0275

Црвенковски: ЕУ не држи до своите ветувања, по горчливиот компромис за името, тие ни приредија горчлив шок

Објавено во: Македонија 02 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Поранешниот македонски претседател Бранко Црвенковски, кој учествуваше на настанот за Мини Шенген, на дебатата „Визија на Западен Балкан до 2030 година“, праша дали постои барем една рационална причина зошто граѓаните од регионот не би патувале поевтино, полесно и би се вработувале и занимавале со бизнис.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Црвенковски рекол дека оваа иницијатива треба да создаде една структура како дел од европските интеграции. 

„Без оглед на тоа што мислиме, дека сме лидери на регионот, ние мора да разбереме, од гледна точка на Брисел, Берлин, Париз, дека при градење на долгорочна стратегија, таа се прави за Западен Балкан, а не за одделни земји“, рекол Црвенковски.

Тој посочил дека 10 години пред потпишувањето на Преспанскиот договор во 2018 година, ЕУ и давала препораки на Македонија, дека земјата не може да ги започне преговорите со ЕУ сè додека не се реши спорот со Грција.

„Тогаш беше направен горчлив и тежок компромис и кога тоа се случи, настана горчлив шок“, изјави Црвенковски.

Тој посочи дека ова предизвика големо разочарување кај граѓаните, што го поткопа кредибилитетот на властите и е причината што наскоро во Северна Македонија ќе се одржат предвремени избори.

„Се испостави дека ЕУ не држи до својот збор и не ги исполнува своите ветувања“, истакна тој, додавајќи дека тоа испраќа лош сигнал за решавање на други отворени и тешки прашања како што е односот меѓу Белград и Приштина, но и структурата на власта во БиХ.

Посочи дека сега се говори оти ЕУ е нефункционална во донесувањето одлуки и дека проширувањето сето ова само би го искомплицирало.

„Без оглед на ставот на ЕУ, што ќе одлучи, дали местото на Западен Балкан е во ЕУ, ние мора да продолжиме со реформите и да го продолжиме европскиот курс за доброто на граѓаните и нивната иднина“, оцени Црвенковски.

Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“