20 Декември, 2025
0.2520

Cудот во Cловенија покрена истрага против најбогатиот Cловенец

Објавено во: Балкан 23 Август, 2013 13:31

Добивај вести на Viber

Cудот во Cловенија покрена истрага против најбогатиот Cловенец, Мирко Туш, основач и сопственик на трговскиот синџир Туш, кој е осомничен дека со поткуп добил лиценца за мобилна телефонија од поранешниот директор на државната Агенција за пошта и електронски комуникации, Томаж Симонич. Симонич, освен за коруција е осомничен и за злоупотреба на положбата, информираат словенечките медиуми. Симонич се сомничи дека како директор на Агенцијата, во 2008 година без јавен тендер, на претпријатието Тушмобил, третиот по големина мобилен оператор во Словенија, во сопственост на Мирко Туш, му доделил ГСМ фреквенција. За таа услуга од Туш добил стан во Пиран. Окружниот суд во Љубљана вчера потврди дека на предлог на обвинителот е донесена одлука за покренување судска постапка, но таа се уште не е правосилна бидејќи на осомничените досега не им е врачена преку пошта. Полицијата во 2011 година на подрачјето на цела Љубљана изврши десетина претреси на станови и куќи, како и на седиштето на компанијата, а ја посети и Агенцијата за поштенски и електронски комуникации во врска со тој случај. Испита и пет лица, меѓу кои и Мирко Туш, чиј имот тогаш бил проценет на 196 милиони евра.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација