26 Април, 2024
0.0290

ЦУК апелира граѓаните да не се движат на местото под карпата на Матка

Објавено во: Македонија 26 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Од Центарот за управување со кризи велат дека состојбата со опасната карпа на Матка на долг рок е неодржлива. 

Превентивно апелираат граѓаните да не се движат на местото под карпата на брегот на десната страна на речното, односно езерското корито. Зоната на ризик ќе биде обележана.

На состанокот беше разгледана состојбата со опасната карпа и од стручните лица е констатирано дека истата има гранична стабилност и дека е потребно преземање мерки и активности за превенција и намалување на опасноста од карпата. Исто така, се идентификувани две групи на ризици, прво примарна штета – од евентуално паѓање, односно одрон на карпата и секундарна штета – излевање и ударен бран од водата. 

На работниот состанок се донесени заклучоци за обврските што е потребно да се преземат за превенција. Тоа се заклучоци во насока на генерални чекори синхронизирани од повеќе институции во државата, а поттикнати и глобално координирани од ЦУК: прво – проектна програма за дејствување; второ – изработка на техничка документација, проект за санација на проблемот и на крајот, како трето – јавна набавка за избор на изведувач на работите за санација на опасната карпа.
Во насока за превенција ќе бидат донесени мерки од надлежните за ограничувње на движењето во зоната на опасност што не би го попречило работењето на фирмите во околината и движењето на туристите надвор од зоната на ризик.

ЦУК официјално ќе иницира изготвување на првиот координиран чекор на општествено дејство – изготвување на проектна програма на дејствување.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“