ЦУНАМИ, ПОПЛАВИ, ЗЕМЈОТРЕСИ: Колкави се штетите од непогодите во 2016?
Објавено во: Економија, Свет 09 Јануари, 2017
Невремето, природните непогоди и земјотресите, лани во светот предизвикаа материјална штета од 175 милијарди долари.
Во однос на 2015 година таа сума е повисока за 67%.
Тоа е најголема сума од 2012 година, објави германската осигурителна компанија „Минхен Ре“. Најголемите штети лани, како што стои во извештајот на „Минхен Ре“, се предизвикани од земјотресите на јапонскиот остров Кјушу во април, во износ од 31 милијарда долари и од поплавите во Кина во јуни и јули од 20 милијарди долари.
Лани во природни катастрофи настрадале помалку луѓе отколку во 2015 година, или вкупно 8.700. Во 2015 година во природни катастрофи загинале 25.400 луѓе.
Природните катастрофи, од кои најголемите беа тајфунот Хаијан на Филипините и поплавите во Европа, предизвикале штети од околу 125 милијарди евра во 2013. година. Тоа беше помалку од претходните години.
И во 2016 година имаше многу земјотреси, тајфуни, цунами, поплави во различни земји на повеќе континенти.