03 Јуни, 2024
0.0274

Д-р. Исјановски за Фактор: Брзите тестови ќе се прават бесплатно во поликлиниките Ѓорче Петров, Битпазар и Драчево, закажување преку матичните лекари

Објавено во: Македонија 04 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

По лавината реакции во јавноста околу плаќањето на брзите тестови, од една страна 1.000 денари во Поликлиниката Ѓорче Петров, набавени со средства на Здравствен дом Скопје од компанијата Abbott, од друга страна донација од 13.000, здравствените власти сепак одлучија, тие да бидат целосно бесплатни за граѓаните со измени во однос на нивното закажување.  Во разговор за Фактор, директорот на Здравствен дом Скопје, д-р. Виктор Исјановски посочува дека веќе се подготвува протоколот од Мој Термин, со цел граѓаните да почнат да закажуваат тестирање со брзи тестови за Ковид-19.

-И покрај тоа што првичната идеја, односно концепт за правење на брзите тестови беше поинаква, да не мора граѓаните да закажуваат преку матичните лекари, туку директно да се јават во поликлиниката каде се прави тестирањето, сепак оваа процедура ќе биде малку поинаква, но ќе има големи олеснувања при закажувањето. Прво, матичните лекари во Мој Термин, освен што имаат графа за ПЦР-тест, отсега ќе постои и графа за брз тест. Тоа што е важно и кое што посебно сакам да го потенцирам е дека алгоритмот за брзите тестови ќе биде многу поинаков од алгоритмот за ПЦР-тестирањето, односно ќе може да се закаже тестирање за брз тест од 0 до 5 дена. Во однос на итните случаи, на пример итна хирурша интервенција, тогаш закажувањето ќе биде најдоцна за 24 часа, посочува д-р. Исјановски.

Исјановски вели дека Светската здравствена организација признава само два брзи теста, односно на компанијата Abbot, а другата е јужнокорејска компанија која произведува вакви тестови и посочува дека тие се со навистина висок квалитет и резултатите кои ги даваат се идентични со ПЦР-тестовите.

-Пациентотќе добие еден од трите можни резултати и тоа во рок од само 15-тина до 20 минути. Резултатот од брзиот тест може да биде негативен без симптоми, што значи дека пациентот е негативен на Ковид-19, резултатот може да биде негативен со симптоми и во овој случај мора да се направи и ПЦР тест, за да пациентот биде сигурен дали станува збор за корона вирус, или пак симптомите од брзиот тест се само некоја друга вироза, сезонски грип и така натаму. И третиот резултат, кој може да го добие еден пациент е тестот да биде позитивен, што значи дека тој е сигурно позитивен на Ковид-19. Станува збор за исклучително квалитетни брзи тестови на компанијата Abbot, посочува д-р. Исјановски.

Директорот на Здравствен дом Скопје во нашиот разговор потенцира дека пунктот во Ѓорче Петров е целосно подготвен, а во меѓувреме ќе се подготвуваат и за во поликлиниките во Битпазар и Драчево.

-Брзите тестови ќе се прават во сите здравствени домови на територијата на цела Македонија. Во Скопје ќе имаме на три пункта и основен критериум за да може да се прават е постоењето на биохемиските лаборатории кои ги има во здравствените домови. Тимовите кои ќе ги прават мора да поминат одредена обука. Очекувам закажувањето преку системот МојТермин да почне некаде од понеделник. Првите пациенти секако ќе мора брзите тестови да ги прават во Поликлиниката Ѓорче Петров, а ние за тоа време ќе ги подготвуваме Битпазар и Драчево.

Директорот Исјановски смета дека со овие три пункта главниот град ќе биде целосно покриен, а голема придобивка ќе биде и тоа што ќе се растовари и закажувањето за ПЦР-тестирањата, за кои во последниот период се чека предолго. 

Анита Буховски

Можеби ќе ве интересира

Силјановска Давкова ќе го дава мандатот

Силјановска Давкова ќе го дава мандатот

Граѓани не го почитуваат предупредувањето за Водно, редарска служба нема

Граѓани не го почитуваат предупредувањето за Водно, редарска служба нема

Славјанка Петровска следната недела поднесува кандидатура

Славјанка Петровска следната недела поднесува кандидатура

Мечките повторно се симнаа во селата на Маврово и Ростуше

Мечките повторно се симнаа во селата на Маврово и Ростуше

Се огласи Манолева: Имаме привремено решение за хируршките сали

Се огласи Манолева: Имаме привремено решение за хируршките сали

Деспотовски: Тој што ќе изгуби на изборите, да не бара функција од СДСМ

Деспотовски: Тој што ќе изгуби на изборите, да не бара функција од СДСМ

Али Ахмети објави декларација против „моноетничко владеење“

Али Ахмети објави декларација против „моноетничко владеење“

Талат Џафери и министерот Демири ќе земат по две плати

Талат Џафери и министерот Демири ќе земат по две плати

Се апси низ Македонија за кражби на струја

Се апси низ Македонија за кражби на струја