18 Мај, 2024
0.6280

Д-р. Софијанова: Не смееме да се опуштаме, но сепак, поради вакцината, ова ќе биде послободна година

Објавено во: Македонија 06 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Многу е важно вакцинацијата да почне навреме, за да почне враќањето во нормалниот живот. 

Ова во изјава за Канал 5 го нагласува директорката на Детската клиника Аспазија Софијанова.

„Сепак треба да бидеме внимателни. Бидејќи, колку повеќе се опуштаме, некако сфативме дека како да има еден ри-баунд феномен. Колку повеќе опуштање, толку повеќе вирусот како да ќе сака да се врати, иако, сепак, тој не е толку паметен, бидејќи со фактот што веќе ја имаме и вакцината, можеме да сметаме дека оваа година сепак ќе биде повеќе слободна година. Но, и покрај тоа што бројките паѓаат, верувам дека овие мерки кои што ги имаме, се сепак и доволно рестриктивни, и доволно внимателни, за сепак да не се доведеме во ситуација на психолошки проблеми, значи да можеме да се движиме запазувајќи ја социјалната дистанца. Бидејќи, се друго би создало проблеми на психолошка основа, и кај децата, а кај нас возрасните, ние навистина умееме донекаде во од да го надминуваме сето ова и да го одржуваме колку толку нормалнит живот, но пак ќе кажам, внимателно, бидејќи со овој вирус очигледно мора да постапуваме сериозно. Тоа дотолку повеќе што еве постојат мутантни облици во Британија и во Јужна Африка можат да не изненадат, иако тие немаат пострашна клиничка слика, но имаат поголема трансмисивност. Што значи дека вирусот може да мутира, но и покрај тоа сепак имунизацијата ќе се справи со ваквите таканаречени мутирани облици на вирусот“, изјави доктор Софијанова во дел од интервјуто дадено за Канал 5 телевизија.

Можеби ќе ве интересира

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање