ДА НЕ СЕ ВЕРУВА НА ГУГЛ ЛЕКАРИ И ТЕОРИИ НА ЗАГОВОР: И кинеската вакцина е квалитетна со голема ефикасност на заштита, рече Џерлек

Објавено во: Балкан 15 Јануари, 2021
Клиничките испитувања во Бразил покажале дека ефикасноста на кинеската вакцина
против корона вирусот, од кинескиот производител „Синовак“ е нешто над 50 проценти, додека Турција
даде дозвола за оваа вакцина и изјави дека нејзината ефикасност е околу 97
проценти, пишува српски Курир.
Со оглед на тоа што дозволата за увоз и употреба на кинеската вакцина сè уште не постои во Србија, Курир.рс ги праша експертите дали треба да има одложување заради нејзината недоволна ефикасност.
Државниот секретар во Министерството за здравство, Мирсад Џерлек во изјава за овој медиум вели дека е евидентно дека живееме во време кога порталите, Гугл лекарите и теориите на заговор се во мода.
-Јас би им препорачал на граѓаните на Република Србија да можат слободно да примаат која било вакцина одобрена од нашата Агенција за лекови и медицински помагала, изјави Џerерлек за Курир ТВ.
И српските лекарите велат дека немаат информации за штетноста на кинеската вакцина.
-На состанокот на директорите на здравствените домови, ја ставивме таа вакцина на списокот како добра вакцина. Она што го слушате, сметајте дека не е вистина", изјави директорот на Здравствениот дом „Палилула“, д-р Александар Стојановиќ.
Можеби ќе ве интересира
Обединувањето на Косово и Албанија ќе падне во вода?

Вучиќ: Од ЕУ се надевавме и очекувавме, но не добивме ништо

Нов локдаун во Србија: Ако не затвориме се, ќе се распадне системот, дециден д-р Кон

РАДЕВ БАРА ПРАВДА ЗА БУГАРИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Кој го напаѓа бугарското малцинство во Македонија

Рама вели дека Албанија е подготвена да ја чека Македонија на патот кон ЕУ

Скоро 40 проценти од младите Срби доброволно би војувале за Србија

СО ЧАСОВИ ЧЕКАА ЗА ДА СЕ ЗАПИШАТ ВО КНИГАТА НА ЖАЛОСТ - последни зборови за починатиот градоначалник на Загреб

Како ќе изгледа ковид пасошот и како ќе патуваат невакцинираните: Утврдени детали
