Да се платени, колку би заработувале домаќинките?
Објавено во: Економија, Стил 22 Јуни, 2015
Често може да се слушне дека да се биде мајка и домаќинка не е лесна работа, бијдеќи бара целодневно ангажирање кое подразбира готвење, прење, чистење, грижа за деца и обавување на низа други активности и сето тоа бесплатно. Да се плаќа нивниот труд, платата би им изнесувала повеќе од 50 илјади годишно, покажува американско истражување.
Американското Национално биро за економски истражувања сакало да дознае колку би заработувале домаќинките кога тој труд би им се плаќал. Во соработка со експерти од Универзитетот Тексас бирото пресметало дека нивната плата би изнесувала околу 52 илајди долари годишно.
За да дојдат до тој резултат, авторите на студијата во текот на 10 години следеле неколку семејства, оценувајќи ги секојдневните задачи кои ги обавувале водејќи грижа за децата и куќата.
Со таа проблематика се позанимавал и американскиот портал Salary.com кој ја спровел анкетата меѓу повеќе од 6000 жени.
Со студијата е утврдено дека жените работат во просек 94 часа неделно, и дека, имајќи ги предвид дневниците на домашните помошнички и готвачки, би требало да заработуваат околу 8000 долари месечно.
Треба да се има на ум и дека многу жени се вработени па кога на платата на домаќинка, би се додала и заработката од работа, нивната годишна плата би била далеку поголема.