ДАЧИЌ ДО БРИСЕЛ: Не само што пораснавме, туку наскоро ќе умреме чекајќи на ЕУ
Објавено во: Балкан 03 Септември, 2019
Не само што пораснавме, туку наскоро ќе умреме чекајќи на ЕУ, изјави српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, во Блед.
Тој вели дека за Западен Балкан членството во Унијата станува бајка и далечна иднина, а на регионот му требаат гаранции за блиска иднина и искреност од Брисел.
„Тоа што ќе биде за 30 години е како кога ќе им ветите на своите деца дека кога ќе пораснат ќе им купите нешто. Ние во Западен Балкан не можеме лажно да се надеваме бидејќи веќе пораснавме“, додаде Дачиќ.