20 Декември, 2025
0.1148

 Дали Балканот ќе ги запира бегалците?

Објавено во: Балкан 29 Октомври, 2015 10:04

Добивај вести на Viber

Политичари од десниот спектар одамна предвидуваа дека Западот ќе ги натера балканските држави да изградат кампови за трајно сместување на бегалците, со што ќе се намалат миграционите притисоци кон Запад. Можно ли е тоа?

Планот од 17 точки, кој го развија ЕУ, Германија и земјите на т.н. балкански пат, звучи повеќе како желба - за обезбедување на похумани услови за бегалците, подобра координација помеѓу властите на земјите во регионот, и - што е најважно - запирање на неконтролираниот прилив. Сепак постојат и неколку конкретни бројки: 400 полицајци ќе им помагаат на Словенија, соработници на европската гранична агенција „Фронтекс“ ќе ја поддржуваат Грција, Србија и Хрватска. Планот предвидува и создавање на 100 000 нови места за прием на бегалци во балканскиот правец.

Српскиот блогер Михајло Тесиќ тврди дека планот бил изготвен под притисок на властите во Берлин. „Брисел и Берлин налагаат балканските земји да ги запираат и да го забават бегалскиот поток“, вели тој.

Хронично неподготвени

„Стотици илјади бегалци веќе поминаа низ балканскиот правец. А балканските држави сеуште тврдат дека не се подготвени за овој бран, иако тоа не можеше да се предвиди“, вели Лидија Вукадиновиќ од Загреб. Таа потсетува дека и досега политичарите од балканските земји се покажаа како не најдобри земји, поради тоа што секаде се одиграа грди сцени. Бегалците на многу места спијат под отворено небо, полицијата употребува дури и солзавец. „Беше јасно дека ниту една од овие земји не е во состојба да се справи сама со проблемот. Од оваа гледна точка е потребна соработка на европско ниво“, вели Вукадиновиќ.

Познатата антроположка од Љубљана, Светлана Слапшак ја замислува оваа соработка на друг начин. Во текот на летото таа дури организираше петиција за создавање на сигурен коридор за премин на бегалците од Грција до Германија, без да има потреба тие да бидат запрени на границите и без непотребна бирократија: „Овие луѓе имаат потреба од помош сега. А на Балканот стануваме сведоци на речиси средновековни сцени. Луѓето изминуваат илјадници километри пеш. Овие сцени само им ги продлабочуваат и без тоа постоечките предрасуди кон Балканот“, вели таа.

Бриселскиот план експлицитно инсистира за подобра комуникација помеѓу страните во балканскиот правец. А од неа досега нема ни трага. Наместо тоа одделните влади меѓусебно си ја припишуваат вината за сегашната ситуација. Словенија на пример, тврди дека Хрватска се однесува лошо со што пушта многу автобуски превозници и само ги транспортира бегалците понатаму. Истото обвинение го упатува Хрватска кон источниот сосед Србија. Како резултат на овој спор граничните премини помеѓу двете држави беа затворени со денови. „Тоа се мали држави, со крваво минато“, вели Лидија Вукадиновиќ. А политичарите свесно промовираат непријателствата, претежно за предизборни цели.

Можат ли оградите да ги запрат овие луѓе?

Експертите гледаат опасност од порастот на екстремистите во поранешните југословенски републики. Одамна веќе некои политичари од десниот спектар во Србија и Хрватска предвидуваат дека ЕУ ќе создаде кампови за трајно сместување на бегалците на Балканот, за да ги одбие да патуваат на Запад. Професорот Светлана Слапшак не се чуди зашто во голем број земји од регионот луѓето се негативно настроени кон бегалците: „25 години по распадот на Југославија ние сеуште доживуваме драматичен пад на животното ниво, зајакнување на социјална неправда и безнадежност. Тоа се одразува и на размислувањето на луѓето“, вели таа.

Во различни земји на Балканот, вклучително и во Македонија, Словенија и Хрватска има апели за затворање на границите или за изградба на нови огради. Блогерот Михајло Тесиќ смета дека тоа е прилично опасен развој. Првично унгарските кампови се прогласени за европски и нехумани, а сега оградите и ѕидовите стануваат модерни. И тоа, без оглед на фактот дека стравувањата на т.н. загрижени граѓани се целосно неосновани. „Бегалците воопшто немаат намера да останат на Балканот, а оние кои се превземени по тешкиот пат и да го достигне дотаму не можат да бидат запрени дури и со огради“, вели тој.

Извор: Дојче веле

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација