Дали е на повидок нов конфликт во МВР: Спасовски вели дека нема пари за нововработените
Според информациите на министерството за внатрешни работи пред доаѓањето на функцијата на Спасовски покрај новите 125 вработувања имало и над 1200 преместувања на полициски службеници во земјава.
Објавено во: Македонија 03 Октомври, 2016
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска изјави дека
нема пари во буџетот за платите на нововработените во МВР кои добиле решенија пред неговото доаѓање на функцијата, тврди Министерот Оливер Спасовски, имајќи предвид на вработувањата кои ги направи неговиот претходник Оливер Чавков.
Според информациите на министерството за внатрешни работи пред доаѓањето на функцијата на Спасовски покрај новите 125 вработувања имало и над 1200 преместувања на полициски службеници во земјава.
Техничкиот министер од редовите на СДСМ изјави и дека иако ги превземал сите законски надлежности меѓу кои и суспензија на некои осомничени вработени, сепак тие повторно се појавиле на работа откако им истекле роковите според законот за дисциплинска постапка.
Од Министерството за финансии информираа подоцна дека за сите вработени во институциите обезбедени се плати со буџетот за 2017 – та.