Добивај вести на Viber
Специјалниот суд суд за воени злосторства извршени од страна на поранешната ОВК, би можел да покрене обвинение против новиот претседател на Косово, Хашим Тачи, поради малтретирање на затвореници Срби и Роми, пишува францускиот весник „Фигаро“.
Се наведува дека името на Хашим Тачи, кој претседателската функција треба да ја преземе во април, се наоѓа и во извештајот на Советот на Европа од 2010 година подготвен од швајцарскиот парламентарец Дик Марти. Угледниот весник пишува дека Тачи тргувал со органи на 500 затвореници Срби и Роми. Според сведочењата кои ги прибрал Марти, затворениците биле носени во Албанија, каде биле убивани, а органите се продавани во странски клиники.
За случаите сведок може да биде Бернар Кушнер, кој како специјален претставник на генералниот секретар на ОН во Косово од 1999 до 2000, беше критикуван дека ги премолучува злосторствата на ОВК.
„Не можам да кажам дека Кушнер знаел за трговијата со човечки органи, но не е исклучено тој да немал информации за криминалните организации во Косово“-вели полицискиот командант на УНМИК, Стју Келок.
Кушнер до ден денес ги негира овие обвинувања на негова адреса. Пред неколку години тој навреди новинар кој постави прашање на оваа тема.