Дали ќе се затвори Ал Џазира во Ерусалим?
Објавено во: Свет 27 Јули, 2017
Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху рече дека ќе работи на затворање на ерусалимските канцеларии на Ал Џазира, обвинувајќи ја телевизијата за поттикнување насилство во градот во изминатите денови.
„Мрежата Ал Џазира продолжува да поттикнува насилство околу џамијата Ал Акса“- напиша Нетанјаху на Фејсбук.
Катарската телевизија не ја коментираше оваа изјава.
„Разговарав неколкупати со правници за барање за затворање на дописништвото на Ал Џазира во Ерусалим. Ако тоа не се случи, ќе работам за судска одлука за протерување на Ал Џазира од Израел“- вели израелскиот премиер.
Ал Џазира е под цензура во соседен Египет откако во 2014 година тројца нивни вработени добија казни затвор од седум години и подоцна беше затворено дописништвото.