Дали Лиле Стефанова има амбиции да ја замени Јанева?
Објавено во: Македонија 23 Август, 2019
Oбвинителката Лиле Стефанова по судењето на „Титаник“, одговарајќи на новинарско прашање дали таа ќе ја замени специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.која заврши во притвор за „Рекет“, кажа дека ниту претендира, ниту ќе конкурира за замена на Јанева.
„Истагата за „Империја“ застана по донесување на начелното правно мислење и ќе повторам, нема друг решение, освен час поскоро да се донесе законот за Јавно обвинителство. Политичарите мора, во овој момент да си ја преземат одговорноста“, изјави Стефанова.
Стефанова, ситуацијата во СЈО ја опиша како најтешка до сега.