18 Мај, 2024
0.0393

Дали мала спална соба влијае на квалитетот на сонот?

Објавено во: Стил 21 Јануари, 2015

Добивај вести на Viber

Величината на спалните соби за среќа не е пресудна за квалитетот на нашиот сон.

Квалитетот на воздухот е на врвот на нашата листа па честото проветрување и отварање на прозорците и пожелно и препорачливо. На квалитетот на воздухот влијаат и материјалите кои ги користиме во просторот затоа избегнувајте за завршна обработка во вашиот простор бои кои не се еколошки. Бојата на база на природна смола секако ќе има предност во однос на синтетиката.

Класичен паркет и мебел од полно дрво се повеќе посакувани од ламинати и вештачки плочести материјали. Душекот исполнет од природни материјали, кокосви влакна, волна, памук има предност во однос на полиестарските навлаки, полиуретанска пена и силиконски.