„
„ДАЛИ МУЦУНСКИ, ТОШКОВСКИ И МИСАЈЛОВСКИ ИСТО ТАКА ИМААТ ПРОБЛЕМИ СО КОЛЕНАТА“ - СДСМ прашува и дали премиерот Мицкоски го нема тој проблем кога се качува на Водно
Објавено во: Македонија 23 Јули, 2024 11:00
Опозициската партија СДСМ реагира на вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски кој изјави дека во Вашингтон патувал со бизнис-класа поради проблеми со колената. Од партијата прашуваат дали и министрите кои го придружуваа Мицкоски имаат проблем со колената, па мораат да патуваат со бизнис-класа?
– А кога се сликаше на Водно како се качува Мицкоски, имаше ли проблем со колениците? Мицкоски лаже и си игра мајтап со тие што го плаќаат, граѓаните. Скапи авионски летови и бизнис-класи од 20.000 евра, часовници од 60.000 евра, имоти на поклон од 300.000 евра додека вели дека нема пари за поголеми плати за работниците. Ова ја покажува ароганцијата и потценувањето на граѓаните но и начинот на којшто ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ќе се однесуваат, душмански со парите на граѓаните, за сопствени луксузирања – реагираат од партијата.
Мицкоски синоќа во гостување на „Топ Тема“ на телевизијата Телма на прашањето зошто летал со бизнис-класа до Вашингтон, имајќи предвид дека своевремено директорот на Агенцијата за туризам морал да поднесе оставка затоа што летал со бизнис-класа, Мицкоски вели дека повеќе би сакал Македонија да има пристојно летало, за воопшто да не мора да ги користат тие услуги.
– Ако како држава сега имавме пристојно летало, како што беше случај сега на Самитот на Европската политичка заедница, како што дојдоа сите… Толку многу е крадено од оваа држава што една цела флота е однесена. Во Вашингтон бев три дена на пат, и постоеше можност да не се вратам поради Интернет-проблемот којшто откажа над 1000 летови во Европа – кажа Мицкоски, појаснувајќи дека од Виена до Вашингтон и од Њујорк до Виена, летал со бизнис-класа поради здравствен проблеми со колената, додека од Скопје до Виена и обратно летал со економска класа.
Можеби ќе ве интересира
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина
Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово




