18 Октомври, 2019
0.0178

Дали регионалните разлики ги „јадат“ ефектите на минималната плата

Објавено во: Економија, Колумни 10 Септември, 2019

Во последно време помеѓу стручната јавност, но и меѓу креаторите на економските политики повторно се интензивираа дебатите околу ефектите кои ги продуцира минималната плата, што воедно е повзрано со најновите најави за нејзино повторно зголемување. Законските измени кои беа направени точно пред две години (септември 2017) придонесоа за крупни промени на системот на минимална плата. Се направија промени во насока на  поедноставување на системот на минимала плата, повеќето одделни нивоа на законска минимална плата по одделни сектори беа заменати со  едно единствено ниво на минимална плата за сите сектори на национално ниво. Се воспостави т.н унифициран систем на законска минимала плата. Оптималноста на системот на минимална плата е поврзан со две тенденции – намалување на нееднаквоста и сиромаштијата на една страна и одржување на ефикасноста, ефективноста и профитабилноста на македонските компании од друга страна. Од тука се појавуваат прашања  - дали се намали нееднаквоста/сиромаштијата, дали поплаките од бизнис секторот се реални, дали ефектите од минималната плата имаат некаква поврзаност со регионалните диспаритети во државата. Токму последното прашање е она - кое до сега е занемарено и воопшто не е поставено: Што значи минималната плата за компанија или вработен во Берово, Штип, Битола,Тетово или Скопје. Дали секаде ефектите и бенефитите се исти?


Имајќи го предвид бројот на работници кои најверојатно се засегнати со минималната плата во Македонија, а кој изнесува околу 130 000 работници, или 18проценти од вкупните вработени во државата станува јасно дека идните промени во нивото на минималната плата ќе имаат значајни ефекти врз останатите економски детерминанти, како на регионално така и на нацинално ниво. Пред сѐ мислиме на влијанието на минималната плата врз вработеноста, структурата и нивото на платите над минималната плата, како и вкупната маса на плати во економијата.

Графикон број 1: Стапка на на невработеност по одделни региони во 2017 година 


  Извор: ДЗС

Особено е интересено да се размисли за ефектите од нивото на минималната плата врз невработеноста имајќи предвид дека стапката на невработеност се движи во интервал од 12 отсто во југоисточниот регион до релативно високи 35,7 проценти во североисточниот регион. Ваквите длабоки регионални диспропорции во степенот на невработеност можат да бидат прв сигнал дека може да се појават скромни или помалку позитивни ефекти од повисокото ниво на законската минимална плата во различните региони. Едноставно, економскиот потенцијал на одделните региони и ниската ефективност на фирмите доведуваат до тоа да нископлатените работници станат „поскапи” за износот на зголемената минимална плата. Ваквите ефекти се далеку повисоки во трудо – интензивните индустрии. Дали ова се зема предвид при дефинирањето на износот на минимална плата?

Прказната уште повеќе се усложнува кога ќе се погледне често користениот показател на соодносот на минималната плата со просечната плата. Во оваа насока треба да се потенцира дека на национално ниво законската минимала плата изнесува околу 50% од просечната исплатена нето плата.[1] Од анализата на достапните податоци може да се констатира дека се забележат огроми разлики по региони споредено со просекот од 50% на национално ниво - имено во источниот регион законската минимална плата зафаќа дури 68% од просечната нето плата, додека единствено во Скопскиот регион е под национаниот просек со околу 44%. Понатаму во североисточниот регион ваквиот сооднос изнесува 67,6%, во вардарскиот и југоисточниот околу 65%, Југозападниот околу 59,2% и остануваат пелагонискиот и полошкиот регион со 56% и 55% респективно.
Ова не води до потребата да укажеме на крајна  претпазливост при евентуални наредни прилагодувања во системот на минимала плата имајќи предвид дека цената на трошоците за живот, разликите на пазарот на труд, конкурентниот потенцијал на фирмите се разликуваат во одделните региони, што дополнително може да придонесат кон определени регионални економски и социјални дисторизи.

Графикон број 2: Законската минимална плата како релативна пропорција од просечната исплатена месечна нето плата по одделни региони (2017) 


 Извор: Сопствена пресметка на авторите со податоци од ДЗС

Особено е интересно во нашата приказна да го вклучиме односот  на законската минимала плата во однос на месечната нето плата во преработувачката индустрија (како трудо-интензивна индустрија) по одделни региони.  Во оваа индустрија во која трошоците за плати се значајна компонента во вкупните трошоци за производство на претпријатијата повисокото ниво на законска минимална плата може да влијае  за намалување на конкурентната способност на одделнтие региони и индустрии. Резултат од намалената конкурентност и економска активност би бил дополнителниот степен на регионален и интер секторски диспаритет. 


Во одделни сектори коишто се карактеризираат со ниска продуктивност унифицираното ниво на законска минимална плата може продуцира дополнителни негативни ефекти. Последните достапни регионални статистики за платите во Македонија покажуваат дека во преработувачката индустрија, законската минимална плата достигнува како пропорција од просечната исплатена месечна нето плата се движи во интервал од дури 66% до 86% по одделни региони.

Графикон број 3:Законската минимална плата како релативна пропорција од просечната исплатена месечна нето плата во преработувачката индустрија по одделни региони (2017) 


 Извор: Сопствена обработка со податоци од ДЗС

Доколку се погледне североисточниот регион, тој се карактеризира со стапка на невработеност од 35,7% од една страна, а односот на минималната и просечната плата во преработувачката индустри достигнува високи 84,9% од друга страна.  Дали фирмите кои се лоцирани во овој регион и функционираат во преработувачката индустрија едноставно се апстрахираат од дополнително ангаживање на работници како последица од високото ниво на минимална плата.

Се надеваме дека нашиот текст и едноставна анализа на економските варијабли ќе придонесе да се отворат важни прашања за поставеноста на нашиот унифициран систем на минимална плата во национална економија во која има огромни регионални и секторски диспаритети.

Системот на минималната плата е до толку добар доколку во него бидат консултирани засегнатите социјални партнери, и соодвествува со регионалните економски карактериски на земјата.

Се надеваме дека  креаторите на политиките ќе ја воочат потребата да се земат предвид разликите во капацитетите, вработеноста и економскиот потенцијал на регионите пред да се впуштат во модификација на системот и дополнителни реформи. Постојат бројни примери на системи на минимална плата кои ги земаат предвид регионалните, па дури и секторските разлики со цел поефикасно да ги таргетираат потребите и да ги максимизираат ефектите од ваквата мерка. Понекогаш забораваме на рамномерниот регионален развој кој е еден од главните предуслови за општа благосотојба во националната економија.

Проф. д-р Борче Треновски
Економски факултет - Скопје

Кристијан Кожески
Економски факултет - Скопје


Можеби ќе ве интересира

Нина Ангеловска: Ребалансот на буџетот не беше поради недостиг на приходи

Нина Ангеловска: Ребалансот на буџетот не беше поради недостиг на приходи

КХВ потврди: Берзата не ги објави податоците навреме

КХВ потврди: Берзата не ги објави податоците навреме

Ќе има нов тендер за Скопје - Блаце: Прескапа понуда за 2 километри автопат

Ќе има нов тендер за Скопје - Блаце: Прескапа понуда за 2 километри автопат

НОВА ТРГОВСКА ОФАНЗИВА НА ТРАМП: Воведени царини на производи, ЕУ ќе возврати

НОВА ТРГОВСКА ОФАНЗИВА НА ТРАМП: Воведени царини на производи, ЕУ ќе возврати

Анѓушев: Прашањето за „бројчаникот“ не треба да биде на моја адреса

Анѓушев: Прашањето за „бројчаникот“ не треба да биде на моја адреса

„Фактор“ изнесува факти, Штериев промовира инсинуации

„Фактор“ изнесува факти, Штериев промовира инсинуации

ЗНМ реагира до Берзата: Недозволиво е да се етикетира медиум

ЗНМ реагира до Берзата: Недозволиво е да се етикетира медиум

AМПЕВА ЗА МИНИМАЛЕЦОТ: Тоа ќе биде чист популизам ако дел од платата се враќа кај работодавецот

AМПЕВА ЗА МИНИМАЛЕЦОТ: Тоа ќе биде чист популизам ако дел од платата се враќа кај работодавецот

ИСТРАЖУВАЊЕ: Познато кои балкански метрополи се поскапи за живот од Скопје

ИСТРАЖУВАЊЕ: Познато кои балкански метрополи се поскапи за живот од Скопје