Дали семејствата останаа сами на Светскиот ден на аутизмот?
Објавено во: Македонија 02 Април, 2018 12:20
Министерството за труд и социјална политика под водство на Мила Цароска имаше големи ветувања за поддршка на семејствата кои имаат деца со аутистичен спектар, а понудените решенија беа претставени уште во 2014 година кога СДСМ беше во опозиција, а ја криткуваше работата на тогашниот министер Диме Спасов.
Тогаш, Царовска претстави три решенија за лицата со аутизам Формирање на национален Центар за рана дијагностика и третман на лицата со аутизам, хумано сместување на аутистичните лица кои немаат семејна грижа или нивните семејства не можат да им овозможат соодветна грижа и Бесплатна здравствена заштита, бесплатен логопед и дефектолошки третман во домашни услови за сите лица со аутизам, покрај креирање на национален регистар за лица со аутизам.
Од преземањето на функцијата Царовска помина речиси една година, а досега беше промовиран проект за ран третман и терапија на деца со аутистичен спектар на нарушување, од социјално загрозени семејства во Центарот за сензорна терапија „Во мојот свет“ во општина Аеродром. Кај родителите и активистите веќе постои незадоволство од бавното реализирање на ветувањата, особено на меѓународниот ден на лицата со аутизам.
Својот глас го крена и новинарката Соња Христовска Угриновска.

„Дали денеска на 2 април министерката Мила Цароска ќе го презентира долгоочекуваниот регистар на лицата со аутизам? Таа беше гласна критичарка дека претходната Влада не го носи регистарот и не ја следи статистиката на појавата на аутизам во Македонија. Многу добро знае колку е итно да се донесе и зошто е потребен.
Зошто не е донесен?
Царовска даде и три ветувања во име на СДСМ за лицата со аутизам: Национален центар за рана дијагностика и третман (по еден центар за лица со попреченост во секоја општина), хумано сместување на аутистичните лица кои немаат семејна грижа, како и бесплатна здравствена заштита, бесплатен логопед и дефектолошки третман во домашни услови за сите лица со аутизам!
Но, тоа само за пред гласање. Потоа иста плоча, ама пее Мурто.
Денес се е итно за оваа Влада, ама лицата со аутизам и нивните семејства не. Ќе смениме државно име, ќе воведуваме двојазичност, ќе зголемуваме старосна граница за пензионирање, ќе воведуваме прогресивен данок..., ќе финансираме разноразни глупости и секаквости од разноразни културни, литературни, спортски, музички, па и верски програми ако треба, ќе дадеме ако треба и милијарда евра за отштета за раскинати договори, се е битно и приоритетно освен приоритетите - вистинските потреби на луѓето што останаа во Македонија!
Ќе губиме време и луѓе додека пропаѓаме економски, социјално и морално како општество. На крај и ќе свириме како оркестарот на „Титаник“.
Драги соборци, и на денешниот Светски ден на аутизмот потврдуваме дека - сме сами. Тие сами во нивниот свет, ние сами во борбата за нив“ посочи Христовска Угриновска.
Можеби ќе ве интересира
Загина работник од Аллбанија, му паднала машина додека работел на трафостаница
Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име




