07 Мај, 2024
0.0287

ДАЛИ СТЕ ВАКЦИНИРАНИ, ТЕСТИРАНИ ИЛИ ОЗДРАВЕНИ: Полицијата од денеска контролира при влез во Германија, казна и до 25.000 евра

Објавено во: Свет 02 Август, 2021

Добивај вести на Viber

Германската полицијата од утринава спроведува проверки на лице место на границите при влез во земјата.

Секој што влегува во Германија мора да има доказ за целосна вакцинација, прлежана болест или негативен тест.

Новите правила на Германија со кои се бара секое невакцинирано лице што се враќа од странство да има доказ за негативен тест за корона вирусот, стапи на сила од денеска.

Во прилогот на thelocal.de за време на проверките на самото место на автопатот А3 кај Пасау, Баварија, 110 луѓе ги немале потребните документи.

Инаку, новите правила важат за сите постари од 12 години кои не се целосно вакцинирани против вирусот или кои не се опоравиле во изминатите шест месеци.

Претходно, секој што патува со авион се очекуваше да има негативен резултат од тестот или доказ за вакцинација или прележана болест пред да пристигне во Германија. Новата регулатива го проширува правилото за сите влегувања и по копнените и по морските патишта.

Проверките се случајни.

Луѓето што влегуваат во Германија и кои не се тестирани, се молат веднаш да стигнат во тест центарот за корона вирус, и секако може да им се наплати казна.

16 германски покраини ги утврдија казните за прекршоци. Во Баварија, на пример, луѓето што ги прекршуваат прописите за влез на може да се соочат со околу 500 до 2000 евра. Баварскиот министер за внатрешни работи Јоаким Херман ги повика луѓето утринава сериозно да ги сфатат новите правила за влез. Тој рече дека луѓето можат да се соочат со казна и до 25.000 евра во потешки случаи.

Патниците кои патуваат со воз во Германија, исто така, се проверуваат по случаен избор, обично од страна на кондуктерите, а не од федерална полиција.

Критичарите велат дека новите правила влегле предоцна и тешко се спроведуваат.

Photo: picture alliance / Soeren Stache/dpa | Soeren Stache

Можеби ќе ве интересира

„РАЈ ЗА СУПЕРБОГАТИТЕ“: Една европска земја е позната по своите милијардери, еве што се крие зад таа приказна

„РАЈ ЗА СУПЕРБОГАТИТЕ“: Една европска земја е позната по своите милијардери, еве што се крие зад таа приказна

Поднесена групна тужба против АстраЗенека

Поднесена групна тужба против АстраЗенека

ТРАГЕДИЈА ВО ИТАЛИЈА: Пет работници се задушиле во канализација додека работеле

ТРАГЕДИЈА ВО ИТАЛИЈА: Пет работници се задушиле во канализација додека работеле

КАКО ПРОПАДНА БОИНГ! Градеа репутација со децении, а потоа им дојде овој авион! Кошмарот продолжува, загуби во милијарди

КАКО ПРОПАДНА БОИНГ! Градеа репутација со децении, а потоа им дојде овој авион! Кошмарот продолжува, загуби во милијарди

РУСИЈА ПРИЛИЧНО ОСТРО Ѝ СЕ ЗАКАНИ НА ЕДНА СВЕТСКА ВЕЛЕСИЛА - „Ве очекуваат катастрофални последици“

РУСИЈА ПРИЛИЧНО ОСТРО Ѝ СЕ ЗАКАНИ НА ЕДНА СВЕТСКА ВЕЛЕСИЛА - „Ве очекуваат катастрофални последици“

КАКО ДОЈДЕ ДО РАЗДОР ВО КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО - зошто Хари и Меган го напуштија дворот, а потоа изнесоа страшни обвинувања

КАКО ДОЈДЕ ДО РАЗДОР ВО КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО - зошто Хари и Меган го напуштија дворот, а потоа изнесоа страшни обвинувања

ИНВАЗИЈА НА ЕВТИНИ АВТОМОБИЛИ НА ЕВРОПА - ЕУ ѝ се заканува на Кина со тешки одлуки

ИНВАЗИЈА НА ЕВТИНИ АВТОМОБИЛИ НА ЕВРОПА - ЕУ ѝ се заканува на Кина со тешки одлуки

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?