16 Јануари, 2025
0.0319

ДАЛИ ТРЕБА ДА СЕ ВРАТАТ ПРИЕМНИТЕ ИСПИТИ НА ФАКУЛТЕТИТЕ? Новоизбраната ректорка на УКИМ, проф Ангелова и социологот Ацески по скандалот со државната матура

Објавено во: Македонија 13 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

Полагањето на испитите од државната матура, повторно „падна на испит“. Бројот на ученици кои завршуваат средно образование со висок просечен успех постојано расте, а квалитетот на знаење кое го добиваат учениците во основното и средното образование за жал опаѓа а тоа го гледаме во високото образование. Не можат да се оправдаат појави како препишување, споделување на тестови преку вибер групи и слични други појави. За сето тоа да се спречи и санкционира постојат механизми, кои само треба да се спроведат, вели во разговор за Фактор новоизбраната ректорка на УКИМ, проф. д-р Билјана Ангелова.

Вели дека враќање на приемните испити на факултетите во овој момент нема да го реши проблемот, а основна причина за ваквиот нејзин став е тоа што квотите за упис на факултетите се многу повисоки од бројот на матуранти, така што секој матурант што решил да го продолжи своето образование, ќе може да се запише на некоја од високообразовните установи во земјава.

-Коренот на проблемите е во образовните потсистеми на основно и средно образование, кои треба да се реформираат во насока на зајакнување на квалитетот на образованието, промена на свеста на учениците од најрана возраст дека единствено знаењето е клучот за напредок во нивните кариери. И сега на некои од факултетите на УКИМ постојат приемни испити за оценување на капацитетите и талентираноста на студентите за студирање. Можеби воведувањето на интервјуа со потенцијалните кандидати кои се запишуваат на наставничките факултети е исто така битен филтер за подобар квалитет во основното и средното образование, бидејќи таму се едуцираат идните наставници, чиј професионализам е важна карика во профилирање на учениците. Воведување на задолжителен приемен испит за упис на факултетите на среден рок може да даде резултати, но за тоа се потребни пари и политичка воља, нагласува професорката Ангелова.

Појаснува дека целиот проблем најдобро може да се илустрира со фактот што најголем број од дипломираните млади луѓе во една од спроведените анкети, се изјасниле дека сакаат да ја напуштат земјава каде е извесно дека со нивното знаење и вештини ќе напредуваат во нивните кариери.

-Конечно вработливоста на матурираните и дипломираните ја оценуваат работодавачите, односно пазарот на трудот. Приватниот сектор развил одржливи критериуми за препознавање и вреднување на знаењето и вештините, но исто тоа треба доследно да се применува и во јавниот сектор кој е еден од најголемите работодавачи во земјава. Само тогаш кога знаењето и професионализмот ќе бидат единствени критериуми за вработување и напредување на работно место, како во приватниот така и во јавниот сектор, квалитетот на образованието ќе се подобрува.

Истовремено, и социологот, проф. д-р Илија Ацески најголемиот проблем го лоцира во основното и во средното образование каде што се уште нема систем со кои ќе се развива елементарната свест кај децата за што да се определат.

-Можеби само 30 отсто од завршените матуранти знаат што точно сакаат, останатите се прашуваат: „каде да одам“? Едноставно не знаат. Нема систем ниту во основното училиште, ниту во средното кој ќе ги евалуира, кој ќе и покаже за што се надарени. Тоа е првиот проблем за ова што сега ни се случува. Вториот проблем е тоа што во последниве години дури 90 отсто од матурантите кои се запишуваат на факултетите, да не кажам и повеќе, се одлични и скроз одлични. Тоа се разбира не е реално. Значи, секако ни е потребен филтер за да се издвои квалитетот. Приемните испити кои беа услов за запишување на некои од факултетите децении наназад беа одличен систем на евалуација кој ќе влезе во високото образование, но сега се запишуваат сите кои сакаат. Ако не успеат на еден, ќе се запишат на друг факултет во вотриот уписен рок, во третиот уписен рок. Има место за сите, посочува професорот Ацески.

Инаку, Министерството за образование вчера се обрати до Државниот испитен центар како надлежна институција за организирање на државната матура, со цел лоцирање на одговорноста меѓу учесниците во спроведувањето на процесот, по однос на направениот пропуст при полагањето на вториот екстерен испит по англиски јазик.

-Информираме дека МОН побара од оваа година полагањето на испитите да се спроведува во поголеми простории во училиштата, како на пример во училишните сали и холови каде би биле сместени сите матуранти кои се пријавени за полагање државна матура и со присуство на повеќе тестатори и набљудувачи. Но, поради случувањата во ДИЦ, штрајкот на вработените непосредно пред датумите за спроведување на државната матура, истите не се случија. Така што, очекуваме промените да се иплементираат во следната учебна година, со што ќе се намалат ризиците од можни нерегуларности кои би ја довеле во прашање веродостојноста на резултатите.

Анита Буховски

ФОТО: МИА 


Можеби ќе ве интересира

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

„НЕ МОЖЕШ ДА МЕ ДРЖИШ НА СИЛА, ГОСПОДИНЕ ГАШИ!“ Даути бараше да ѝ се дадат 15 минути да ја образложи оставката

„НЕ МОЖЕШ ДА МЕ ДРЖИШ НА СИЛА, ГОСПОДИНЕ ГАШИ!“ Даути бараше да ѝ се дадат 15 минути да ја образложи оставката