Данела Арсовска го назначи првиот директор на скопските јавни претпријатија

Објавено во: Македонија 02 Декември, 2021
Јане Мицевски, претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Сопиште, е назначен од скопската градоначалничка Данела Арсовска за директор на јавното комунално претпријатие - депонијата „Дрисла“.
Мицевски беше носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Сопиште, а од денеска ја превзема депонијата на местото на Коста Начевски, кој беше назначен од претходниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов.
Шилегов во 2020 ја врати „Дрисла“ под владение на Град Скопје, откако претходно беше под концесија управувана од италијанската фирма „ФЦЛ Амбиенте“.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се појави сомнителен случај, се утврдува дали се работи за мајмунски сипаници, а КЗБ препорача карантин

Комисијата за заразни болести препорача карантин за сомнителните случаи за мајмунски сипаници
Од кичевската болница се огласија - велат пациентот сомнителен за мајмунски сипаници бил тежок за соработка, но не избегал

Oд Кабинетот на Пендаровски одговорија зошто ја нема Плочата за АСНОМ во манастирот Св. Прохор Пчињски

Владина делегација положи цвеќе во спомен на загинатите армиски припадници кај Љуботенски бачила

ПРИСТИГНАЛ ОД АВСТРИЈА: Кичевчанецот со можни мајмунски сипаници избегал од болница

Навивачи на ФК Шкупи претепале осум Швеѓани кај Бит Пазар

Регистрирани се 693 случаи на КОВИД-19 и двајца починати

Русија објави нови податоци - колку македонски борци загинаа во Украина?
