Данела Арсовска го разреши директорот на „Градски паркинг“ по само 10 дена
Објавено во: Македонија 13 Јануари, 2022
Филип Пасху е разрешен од функцијата вршител на должност директор на јавното претпријатие „Градски паркинг“ по само десет дена откако градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, го назначи.
На негово место е поставен Бојан Христовски, како нов в.д. директор.
Христовски до сега бил вработен во Министерството за внатрешни работи.
Од кабинетот на Арсовска велат дека Пасху бил само времено решение и дека ќе добие нова позиција во Град Скопје.
„Филип Пасху не е разрешен, беше поставен на функцијата в. д. директор како времено решение за да се запазат рокови“, гласи објаснувањето од Град Скопје.