27 Април, 2024
0.1794

Даниел Паришко: Во сезоната на скијање осигурајте се од повреди и останати ризици

Објавено во: Економија 24 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Сезоната на зимски спортови е во полн ек. Но, зимските спортови на отворено, како што се скијање, сноуборд, ски скокање, хокеј, санкање, боб санкањe и ски тркање иако се мошне атрактивни и забавни, треба да се води сметка дека секогаш носат и одредени ризици од повреди. Незгодите не можат да се предвидат, но преку соодветни пакети за осигурување секој може да се заштити од непредвидени трошоци кои произлегуваат од ваквите незгоди, вели Даниел Паришко, раководител на секторот за прием во осигурување во СН Осигурителен Брокер АД Битола.

Кај зимските спортови секогаш постојат и ризици од повреди од типот на исчашувања, повреди или скршеници. Тоа секако натаму ќе предизвика и соодветни трошоци. Затоа, најдобро е уште додека се планира одењето на планина или во некој од зимските скијачки центри да се обезбеди и осигурување кое обезбедува покритие за зимските спортови, како што е осигурувањето од дополнителни ризици од спортска незгода и Ски-пакетот.

Со дополнителното осигурување од спортска незгода се осигуруваат спортисти за времено учество на подготвки, тренинзи и натпревари, што се одржуваат во странство, во организација на спортски здруженија и други правни лица регистрирани за спортска дејност. Под спортска незгода се смета секоја незгода настаната при спортување на осигуреникот за време на подготовки, тренинзи или натпревари и има за последица телесна повреда односно нарушување на здравјето на осигуреникот што бара лекарска помош или смрт на осигуреникот.

 „Ски пакетот има покритие за сите зимски спортови скијање, хокеј, санкање, боб санкање, ски тркање, ски скокање и сноуборд и доколку со истите  се занимавате исклучиво аматерски. Со овие два дополнителени пакети се опфатени сите ризиците кога одите на зимување.“- вели Паришко, објаснувајќи дека ваквите пакети се потребни бидејќи патничкото осигурување само по себе не носи покритие за повреди настанати при дополнителни ризици, како што е скијањето и затоа е потребно да се направи полиса со вклучени ризици спортска незгода и ски пакет.


Ски пакетот ги опфаќа и ризиците од затворање на терените, како и настанување лавина или слегнување на земјиштето. Притоа, се надоместуваат екстра трошоци за транспорт и сместување ако настане лавина или слегнување на земјиште на местото на зимување, при што пристигнувањето до местото на зимување е со задоцнување од повеќе од 12 часа.

Заштитата со овој пакет оди и чекор понатаму со тоа што опфаќа и изнајмување на ски опрема во случај на доцнење, губење или кражба на ски-опрема, односно скии, чевли, штеки или скиборд, при транспорт до 200 евра.

„Со овој пакет се надоместува за секој ден изнајмување на ски опрема и доколку и  сопствената опрема е привремено изгубена при пристигнување до местото назимување повеќе од 12 часа, или ако при патувањето истата е изгубена или украдена. Исто така се надоместуваат трошоците за неискористениот дел од ски часовите, во што спаѓаат трошоците за изнајмување скии, ски лекции и ски карта, ако настапи болест или повреда додека осигуреникот е на зимување. Во овој пакет се надоместуваат за секој ден екстра трошоци за транспорт и карти за жичари до најблискиот скијачки центар ако осигуреникот не бил во можност да скија поради лоши временски услови.“- вели Паришко, додавајќи дека подетални информации можат да се добијат на веб страната www.snbroker.mk или на телефонскиот број 15 770.


Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра