20 Декември, 2025
0.0437

Давутоглу бара повеќе овластувања за Ердоган

Објавено во: Балкан 02 Ноември, 2015 15:36

Добивај вести на Viber

Премиерот на Турција, Ахмет Давутоглу побарал промена на уставот, откако владејачката Партија на правдата и развојот освои апсолутно мнозинство во парламентот. За неа гласаа 49,4% од граѓаните, што и придава 315 пратенички места од вкупно 550.

На второ место е Републиканската народна партија со 25,8% изборна поддршка и респективно 134 пратенички места.

Прокурдската Народна партија повторно успеа да ја поминe бариерата од 10% и добива 59 пратеници.

Ахмед Давутоглу ги повика сите партии во земјата да работат за новиот устав, кој ќе му даде повеќе менаџерски овластувања на претседателот.

Владејачките партии добија само 14 места помалку од потребните за распишување референдум за таква промена. При уште 60 пратеници, Партијата на правдата и развојот можеше да ги направи промените без референдум.

Вака таа победи со околу 10 проценти поголема поддршка од претходните избори во јуни, кои беа проследени со политичка нестабилност и недостаток на коалициско управување.

„Ги повикувам сите формации да создадеме нов граѓански национален устав кој ќе обезбеди одржлив изборен систем, транспарентен за владата и политики без бирократија. Да работиме заедно за промена на овој устав, која се одразува за старите реалности. Нема да ја жртвуваме слободата и безбедноста. Ќе изградиме заедно нова Турција во која ќе ги заштитиме слободата на изразување и слободата на верата. Не на последно место - нема да се откажеме од мировниот процес и борбата против тероризмот“, изјавил Ахмед Давутоглу.

Граѓаните на Турција покажаа дека ги преферираат активностите и развојот, наместо противењето. Со овие зборови шефот на државата на Турција, Реџеп Ердоган ги соопшти резултатите од гласањето.

Изборите завршија, но пред Турција стојат турбулентни времиња. Продолжува военото противење помеѓу армијата и прокурдиските борци на ПКК. Борбата со групата „Исламска држава“ продолжува. Паралелно со тоа расте и бегалскиот прилив кон Турција.

Економијата на земјата, која изнесува 800 милијарди долари доживува тешки времиња, а социјалната поделба и недостатокот на слобода на говор остануваат константи.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација