Дебарца со транспаренти против регионалната депонија
Објавено во: Економија 22 Април, 2018
Жителите на Дебарца излегоа на протест против изградбата на регионална депонија во нивната општина и под мотото „Дебарца чиста” порачаа дека Деабрца ја наследиле чиста и чиста ќе остават.
Еколошкиот бунт на жителите на Дебарца започна точно напладне во селото Ботун, а најавија и запирање на сообраќајот на патот Охрид-Скопје во близина на Ново Село.
Граѓаните носеа пароли со кои го предупредуваа премиерот Зоран Заев да си го одржи ветувањето дека ќе се дислоцира депонијата и да не си игра со нивното трпение.
Жителите бараат да се поништи одлуката за изградба на регионална депонија во село Годивје