07 Мај, 2024
0.0247

Дебата за Универзална сала: Да се реконструира или нека се гради нова, само нека биде побрзо

Објавено во: Македонија 25 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Влијателни личности од фелата на денешната дебата во Младинскиот културен центар побараа од градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, да ја реконструира постоечката Универзална сала или да изгради нова, ако треба и на друга локација, но само тоа да биде побргу. Универзалчата сала не функционира веќе пет години, а во моментов се полемизира какво решение да се донесе за објектот.

Филип Аврамчев, директорот на Универзална сала, рече дека, иако е на чело на овој културен дом, се чувствува пасивно затоа што се уште не е сведок на еден настан во неговиот мандат.

- Две години сум директор на нефункционален објект, но сепак веќе разглчедуваме некои решенија. Локацијата си има свои мани, како и самата сала. Мојот став е домаќински - да се направи реставрација и да ја „освежиме“, но најповеќе на Скопје му фали концертна сала. Мојата идеја е  што побргу да има концерт. Мојата идеја е да се реставрира старата и да се прави нова сала, рече Аврамчев.

Роберт Алаѓозовски, национален координатор за култура во Владата, пред истекот на неговиот мандат рече дека ќе соработува со Град Скопје, кој со новата Универзална сала треба да конкурира за Европски град на културата за 2028.

„Трауматичното искуство со Скопје 2020 се уште имаме. Нема смисла да се даваат пари за подземен простор. Ако се трошат парите тие да се даваат за културната инфраструктура. За нов функционален простор. Одлуката е смела на градоначалникот. Скопје мора да расте но и да се децентрализира. Тоа треба да продолжи за Скопје да јакне институционално. Тоа да биде клучен објект на една културна иницијатива. Скопје е кандидат за Европски град на културата во 2028, но за тоа објектот треба да биде изграден до 2026, за да не ја загрзози програмата“, наведе Алаѓозовски.

Мартин Пановски од Асоцијација на архитекти смета дека треба да се изгради нов објект, но што е можно побргу за да не се создаде јаз помеѓу генерациите.

„Не гледаме симбол на солидарноста доколку објектот се догради или се направат преправки. Треба и да се промени мислењето кон просторот. Салата е руиниран леш. Не смееме да ги учиме децата дека така државата треба да се однесува со културните домови.Сите сме емотивни врзани но едноставно објектот е дотраен“, гласи заклучокот на Пановски.

И Мирко Попов од ПМГ Колектив се согласува дека што е можно побргу треба да се организираат настани во салата, но да се изгради сосема нов објект.

„Скопје е она што ќе го изградиме во моментот. Емоционалната реакција е врзана со спомени. Рокот на траење е истечен за овој објект. Треба да се сруши и да се изгради нешто ново. Но може да се најде начин како Скопјани да добијат еден нов простор и продолжување на традицијата со поврзување на генерациите. За концерти на популарна музика нема амбиент во СРЦ Борис Трајковски. И ако може навистина што е можно побргу да се изгради“, рече Попов.


Претставникот на Скопскиот џез фестивал рече дека е сеедно дали ќе има реконструкција на постоечкиот објект или нова градба, но до истата пристапот да биде олеснет и да се направи летна сцена, затоа што Скопје нема таква. Режисерот Игор Иванов Изи побара салата да не биде само концертна, туку мултифункционална и да се создадат услови за кино-премиери во истата. Директорот „Златно славејче“ Боби Јосифовски рече дека што е можно побргу да се стави во функција новата Универзална сала, бидејќи ниту едно друго место не го задоволува амбиентот за потребите на фестивалот.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ДЕТАЛИ: Возач на „ауди“ од Сарај преполови автомобил во Влае, жена се бори за живот

ДЕТАЛИ: Возач на „ауди“ од Сарај преполови автомобил во Влае, жена се бори за живот

Двојно повеќе посети од Македонците во Грција

Двојно повеќе посети од Македонците во Грција