06 Мај, 2024
0.0300

ДЕЦАТА НА РАБОТНИЧКИ ЌЕ СЕ БОРАТ ЗА ЦЕНТАР: Јовановски контра Богдановиќ!

Објавено во: Македонија 15 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Кошаркарот и навивачот ќе се борат за Центар: Неколку часа пред истекот на рокот за поднесување на кандидатски листи за претстојните локални избори, ВМРО-ДПМНЕ го обелодени својот кандидат за општина Центар. Изборот на партијата на Никола Груевски е поранешниот кошаркар и македонски репрезентативец Дејан Јовановски. Дипломираниот правник и спортист без трошка политичко искуство на „мегдан“ за Центар ќе се соочи со неговиот противкандидат од СДСМ, Саша Богдановиќ – директор на Ј.П.„Паркинзи општина Центар“ и претседател на Општинската организација на СДСМ. 

Ќе му донесе ли кошаркарот победа на ВМРО-ДПМНЕ?

Четириесет и четири годишниот дипломиран правник, Дејан Јовановски, во партиското раководство на ВМРО-ДПМНЕ влезе неодамна. Тој на 29 јули беше избран за член на Извршниот Комитет на оваа партија. Претходно, целата кариера ја мина на или директно на спортските терени или на трибините. Кошаркарската кариера ја почнал во Работнички, а има играно уште и за екипите на Никол Ферт, Ојак Рено (Турција), Лугано (Швајцарија), Перистери (Грција) како и за француските Роан и Шалон. 

Тој беше соиграч на Наумоски во националниот тим на Македонија, кој во 1999 година во Франција за првпат настапи на едно Европско првенство. Во својата биографија има запишано неколку шампионски титули и пехари. Пред неколку години, Јовановски извесен период мина во улогата на спортски директор на тимот од „Градски парк“. Во мај 2016 Јовановски бил назначен за генерален секретар на Македонската Кошаркарска Федерација, но по неполн месец се повлече од позицијата. 

По неговиот избор во Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Јовановски изјави: „За мене овој избор искрено претставува особена чест и доверба укажана од страна на членството, Централниот Комитет на партијата и претседателот Никола Груевски. Укажаната доверба, и ова ги во кажувам и како човек и како спортист, секогаш ми делувала како мотив плус за целосен личен ангажман во реализирање на стратешките одредници на партијата – економски просперитет и интеграција на нашата држава во ЕУ и во НАТО“.

Богдановиќ веќе е на теренот и ја очекува довербата на Центарци

Јовановски наспроти себе во трката за Центар ќе го има 32-годишниот политиколог, Саша Богдановиќ. Она што им е заедничко на двајцата е кошарката. Јовановски како кошаркар, Богдановиќ како страстен навивач на К.К.„Работнички“. Богдановиќ по изборот вети дека ако победи, Центар ќе го направи подобро место за живеење. 

„Секој жител на нашата општина ќе биде горд што живее во Центар. Ќе поставиме стандарди за чесно, вредно и посветено работење во интерес на граѓаните. Сите проекти што ќе ги реализира општината ќе ги креираме заедно. Секој жител на Центар ќе биде дел од мојот тим, бидејќи ова е наша заедничка општина, наш заеднички дом“.

За разлика од Јовановски кој зад себе има огромно спортско искуство, адут на Богдановиќ е неговиот политички багаж. Тој во СДСМ влегува уште како средношколец во 2001 година. Во 2013 година е именуван за за в.д. Директор на јавното претпријатие ЈП Паркинзи на Општина Центар, а потоа и за директор. Во 2014 ја добива Претседателската функција на Општинската Организација на СДСМ во Центар.

Но, Работнички останува да биде во неговото срце, па така со претходно добиена согласност од Советот на Општина Центар, од 2013 година финансиски го помага Кошаркарскиот Клуб „Работнички“, кој е еден од најтрофејните клубови во Македонија. 

Центарци за Центар, без Пустец и фантомски гласачи

За десетина дена почнува официјалната кампања. Жителите на Центар ќе го избираат наследникот на Андреј Жерновски, кој по еден мандат како градоначалник реши да не се трка повторно и да замине во централната власт. 

Кој ќе го освои Центар на локалните избори, ќе одлучат жителите на оваа општина. Претстојните избори се надеваме дека ќе минат без фантомски гласачи и маратонска трка во три круга, како што беше на изборите во 2013 година. Ако се води според спортскиот беграунд на кандидатите, може да се очекува фер плеј. Но, сепак ова не е кошаркарски натпревар, туку политичка битка и затоа се е можно.

Ј.М.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува