„Дејли мејл“: Милијарди евра со тајни летови и биле доставени на Грција за спас на банките
Објавено во: Балкан 26 Август, 2013
Европската унија тајно и доставувала пари на Грција, додека земјата се соочувала со кризата, а нејзините банки се распаѓале и тоа се случувало со тајни летови, со кои на земјата и биле доставени над десет милијарди евра, пишува британскиот весник „Дејли мејл“.
Парите се пренесувале со помош со големи авиони „Боинг“. Летовите биле карго, а авионите го носле знакот Маерск и биле бојадисани со боите на грчкото национално знаме.
- Доставките почнале во 2011 година и се спроведувале до Атина и до Ларнака. Тие не биле ништо друго освен таен воздушен мост, додава весникот.
- Целта на мисијата не била спасување на луѓе, а летовите не наликувале на познатите „воздушни мостови“ до Берлин по војната, туку нивна задача била да се заштити и да продолжи економскиот експеримент на една мултинационална валута. Тоа биле тазе испечатени книжни банкноти, кои требало да стигнат до Грција со цел земјата да може да застане на нозе, пишува „Дејли мејл“.
Во написот се цитира висок функционер, кој тврди дека тоа било направено, бидејќи Грција буквално останала без пари во јуни 2011 година.
- Бил активиран таен план, со тоа што Грците повлекувале по една до две милијарди евра на ден од банките. Грција требала да испраќа воени авиони до Италија, каде ги преземала испечатените банкноти, изјави истиот функционер.
До јуни 2012 година потребата за книжни банкноти во Грција тројно се зголемила, а целта на операцијата не била само да се одржи социјалната стабилност во земјата, туку и да се заштити еврото.
- Европските партнери беа загрижени...воздушниот мост беше првата етапа од мисијата, следуваа десетици, ако не и стотици превози со товарни камиони и бродови, со кои се пренесувале новите книжни банкноти до континенталниот дел на Грција и до нејзините острови, пишува весникот.
Тајната операција продолжила без никој да забележи, а вредноста на книжните пари, кои цуркулираат во Грција е двојно зголемена од 19 милијарди евра во 2009 година на 40 милијарди евра во септември 2011 година. До летото 2012 година вкупната сума изнесувала 48 милијарди евра, од кои последните десет милијарди евра, а можеби и повеќе во земјата стигнале со помош на тие тајни летови, тврди британскиот весник