26 Април, 2024
0.4123

Дел од компаниите наплаќаат повеќе: Министерството за финансии досега не изрекло казни за „брзи кредити“

Објавено во: Економија 13 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber


Министерството за финансии ги контролира, но досега не утврдило дека некое финансиско друштво кое дава таканаречени „брзи кредити“, прекршило закон и  наплатувало повеќе трошоци од максимално дозволените. Оттаму велат дека нема ни казнети компании и дека на сите контроли се било во ред. Истражување на Фактор во кое ние позајмувавме и враќавме пари во неколку финансиски друштва покажа дека има и такви кои освен трошоците кои влегуваат во стапка на вкупни трошоци (СВТ) „билдаат“ високи дополнителни трошоци кои по закон не се во вкупните годишни трошоци. За тие сознанија од финансии бараат ние да им ги доставиме.

„Со контролите на финансиските друштва не се утврдени прекршувања на ограничувањето за СВТ и не се утврдени неправилности во работењето на финансиските друштва и не се изречени  казни.Министерството за финансии врши надзор над финансиските друштва со цел да осигура законито работење на овие друштва и да ги заштити интересите на потрошувачите. За остварување на овие цели Министерството за финансии реагира и ќе продолжи да реагира на секое постапување спротивно на закон. Ве молиме со нас да ги споделите вашите сознанија за друштвата кои наплатуваат повеќе од дозволеното со цел веднаш да извршиме  контрола на нивното работење и, доколку се утврдат незаконитости, кон истите да преземеме соодветни мерки, велат од Министерството за финансии.

Оттаму додаваат дека надзорот се врши вонтеренски со анализа на извештаите, но дека прават и теренски контроли ако има пријава, повик или жалба од граѓанин.

Министерството за финансии во 2019 година со законски измени ја ограничи годишната стапка на вкупните трошоци која треба да биде најмногу пет пати  повисока од законската казнена камата.

-Со контролите на Министерствтото за финансии се утврди дека, покрај трошоците кои влегуваат во стапката на вкупни трошоци, финансиските друштва наплатуваат и други дополнителнитрошоци кои согласно Одлуката за методологијата за пресметување годишна стапка на вкупни трошоци не влегуваа во пресметката на СВТ коишто значително ги зголемуваа трошоците на кредитот. Поради тоа, беше иницирана измена на Одлуката за методологијата за пресметување годишна стапка на вкупни трошоци. Измената е донесена во септември 2019 година и од тогаш во пресметката на СВТ се вклучени и трошоците за осигурување или гарантирање на кредитот коишто не претставуваат задолжителни дополнителни услуги и трошоците коишто не се директно поврзани и со кои не е условено одобрувањето на кредитот, објаснуваат од финансии

Но, тврдат и дека имаат увид во висината на каматните стапки и трошоците кои ги наплатуваат финансиските друштва и дека од извршените контроли било утврдено дека сите финансиски друштва наплаќаат СВТ во законски ограничениот максимум.

Истражувањето на Фактор покажа дека кредитите кои граѓаните ги добиваат од финансиските друштва се навистина брзи, и дека се солиден извор на пари за итни потреби. Сепак парите треба мудро треба да се позајмуваат, а пред да ги земе клиентот треба добро да се информира за сите трошоци од позајмувањето. 

Она што „Фактор“ го заклучи од оваа дополнителна анализа кога брзиот кредит би се враќал тековно според утврдените рати на исплата, најисплатливо е подигнувањето кредит во финансиското друштво „ИутеКредит“ или СН Финансии поради најниската стапка на вкупни трошоци.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина