ДЕЛТА СОЈОТ СТАНУВА ДОМИНАТНА ВЕРЗИЈА ВО СВЕТОТ: Дава и посериозна клиничка слика, предупредува Фаучи
Објавено во: Свет 23 Јуни, 2021
Американскиот
епидемиолог, Ентони Фаучи предупредува дека делта варијантата на корона вирусот, што лани во октомври првпат беше откриена во
Индија, е најголемата закана за напорите на САД за искоренување на ковид-19. Вели дека овој сој е многу полесен за пренесување
отколку оригиналната варијанта.
-Делта варијантата на корона вирусот станува глобално доминантна верзија што предизвикува посериозна клиничка слика кај пациентите. Сепак, имаме алатки и мора да ги користиме за да го спречиме новото ширење на вирусот, рече Фаучи.
Тој истовремено потсети дека вакцините одобрени во САД, а посебно Фајзер/Бионтек, се ефикасни против индискиот сој, односно делта варијантата.