02 Април, 2025
0.2376

Демант од ТИРЗ: „Работиме одговорно и транспарентно, сѐ со цел унапредување на целокупната национална економија“

Објавено во: Економија 29 Март, 2025 14:22

Добивај вести на Viber

Сите активности и планови на Дирекцијата за Технолошки Индустриски Развојни Зони се во целосна согласност со законот, а секое ново вработување е темелно анализирано и оправдано со цел унапредување на услугите. Ова обезбедува конкретни придобивки за сите засегнати страни – подобри поволности за корисниците на зоните и добро платени работни места за квалитетен и искусен кадар. Сето ова е далеку од расипништво, односно истото е неопходно за обезбедување континуиран развој на зоните и подобрување на инвестициската клима во државата.

Во 2025 година Дирекцијата за ТИРЗ има склучено договор за јавна набавка со Приватна агенција за вработување Мотиви на износ од 40 милиони денари без вклучен ДДВ. Набавката е реализирана согласно Годишниот план за јавни набавки и истата беше потребна од причина што моменталниот број на вработени на неопределено време во Дирекцијата изнесува 81 лице кои не се доволни за реализација на целокупниот број на надлежности на Дирекцијата.

Од вкупниот број на вработени на неопределено време, само 12 лица се вработени во ТИРЗ Скопје 1 и 2, во ТИРЗ Штип има 9 вработени лица, во ТИРЗ Кичево 4 лица, ТИРЗ Прилеп 3 лица, ТИРЗ Струга 4 лица, ТИРЗ Струмица 3 лица и ТИРЗ Тетово 4 лица. 

Оваа бројка на вработени не е доволна за целосно спроведување на надлежностите на Дирекцијата во зоните, кои работат 24 часа, ниту за непречено извршување на активностите во нив. Од тие причини потребно беше да се ангажираат доволен број на вработени кои ќе овозможат тековно и непречено извршување на надлежностите, со цел квалитетна услуга на корисниците на зоните.

Што се однесува до Годишниот план за вработување во Дирекцијата за 2025 година, во истиот е предвидена реализација на вкупно 65 нови вработувања кои во најголем дел се однесуваат на истите работни места кои во претходните години и во оваа година се ангажирани лица преку приватна агенција за вработување се со цел тековно и непречено извршување на активностите заради квалитетна услуга на корисниците на зоните.

Воедно со реализацијата на овој годишен план ќе се намалат дополнителните трошоци кои ги има Дирекцијата за ТИРЗ во врска со ангажирање на лица преку Приватна агенција за вработување.

Ангажманот на меѓународна ревизорска куќа е целосно оправдан со цел обезбедување независна и стручна евалуација на финансиското и оперативно работење на Дирекцијата, што е и вообичаено за институции кои имаат стратешко значење за националната економија, во согласност со најдобрите меѓународни сметководствени и ревизорски стандарди за транспарентност и отчетност.

Вкупните странски директни инвестиции за 2024 година изнесуваа 1255 милијарди евра, што е историски рекорд во независна Македонија, со цели 400 милиони евра раст само во последниот квартал, а средната оценка од анкетата за задоволство на корисниците на зоните се накачи на 4.48 (од максимум 5), додека добивката од работењето на Дирекцијата за ТИРЗ за 2024 година изнесуваа 107.155.967,00 денари. 

Имено, според последниот извештај за примената на системот за интегритет во 2024 година, изработен од Државната Комисија за Спречување Корупција, Дирекцијата за ТИРЗ се најде помеѓу повисоко рангираните, односно на 15-то место со 61.1% на исполнетост, за разлика од 2023 година кога процентот на исполнетост изнесуваше само 39.2%.

Земајќи го сето ова во предвид, како и тоа дека сме во преговори со бројни мултинационални компании, јасно и одговорно тврдиме дека секој ангажман во Дирекцијата за ТИРЗ е темелно анализиран и со законски основи, што не е ниту расипништво, ниту нерационално трошење на средствата, туку неопходна инвестиција во капацитетите кои овозможуваат непречено функционирање на зоните и привлекување нови инвестиции со додадена вредност.

Воедно, апелираме до сите медиуми за совесно информирање на јавноста, особено во периоди кога истата е чувствителна на вакви тенденциозни препирки.


Можеби ќе ве интересира

ТРЕНДАФИЛОВ ПРЕДЛАГА: Минималец од 500 евра за мене и за сите функционери во наредните 12 месеци

ТРЕНДАФИЛОВ ПРЕДЛАГА: Минималец од 500 евра за мене и за сите функционери во наредните 12 месеци

ЦЕНА ЗА РАБОТЕН ЧАС: Словенците се подобри од Хрватите

ЦЕНА ЗА РАБОТЕН ЧАС: Словенците се подобри од Хрватите

„Стабилни инвестиции во обновливи извори – Започна подготовката за воведување на CfD механизам во Македонија“

„Стабилни инвестиции во обновливи извори – Започна подготовката за воведување на CfD механизам во Македонија“

ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ СЕ НА ВРВОТ: Имаат најдобри пензии

ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ СЕ НА ВРВОТ: Имаат најдобри пензии

ВАЖНО ЗА СИТЕ ОНИЕ КОИ САКААТ ДА КУПУВААТ ОНЛАЈН: Амазон , Зара, Асос, Зеландо, DHL, H&M и останатите, воведуваат нови правила за враќање кои мора да ги знаете

ВАЖНО ЗА СИТЕ ОНИЕ КОИ САКААТ ДА КУПУВААТ ОНЛАЈН: Амазон , Зара, Асос, Зеландо, DHL, H&M и останатите, воведуваат нови правила за враќање кои мора да ги знаете

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ДЕНЕС ТРИЈАТ РАЦЕ: За 2.500 денари повисоки пензии

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ДЕНЕС ТРИЈАТ РАЦЕ: За 2.500 денари повисоки пензии

ПО 142 ГОДИНИ РАБОТА СТАВААТ КЛУЧ НА ВРАТА: Позната германска пекара која постои над еден век затвора

ПО 142 ГОДИНИ РАБОТА СТАВААТ КЛУЧ НА ВРАТА: Позната германска пекара која постои над еден век затвора

ТАТЈАНА ШТЕРЈОВА-ДУШКОВСКА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „КОМОРСКОТО ФУНКЦИОНИРАЊЕ НУДИ СЕСТРАНОСТ ВО РАБОТАТА И ГОЛЕМ КРУГ НА ПРИЈАТЕЛСТВА“

ТАТЈАНА ШТЕРЈОВА-ДУШКОВСКА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „КОМОРСКОТО ФУНКЦИОНИРАЊЕ НУДИ СЕСТРАНОСТ ВО РАБОТАТА И ГОЛЕМ КРУГ НА ПРИЈАТЕЛСТВА“

МОЌНО ГЛОБАЛНО ОРУЖЈЕ Америка ги контролира 20-те најголеми европски банки

МОЌНО ГЛОБАЛНО ОРУЖЈЕ Америка ги контролира 20-те најголеми европски банки