20 Декември, 2025
0.1124

Демант за лажни обвинувања: Тонус е навистина леб на здравјето

Објавено во: Балкан 28 Октомври, 2015 10:36

Добивај вести на Viber

Пред неколку дена фактор пренесе текст од српски портал поврзан со Тонус лебот во кој се тврди дека претставуваат лажна реклама .

Од таа компанија ги демантираат тврдењата образложувајќи ги на следниот начин:

„Како што сензационалистичките наслови ја преплавија дневната штампа, должни сме да се огласиме по тоа прашање.

"Измама на векот", "Лажговци", се само некои од нив. Нашите изјави не се целосно пренесени на читателите по пат на медиумите кои не контактираа.

Пазарната инспекција не посети, на увид бараше документи кои ги потврдуваат наводите на сајтот, бидејќи таму на одредени документи се повикуваме, како и доказ дека Договор за лиценца е склопен со Руската Академија на Науки. Во текот на инспекциската контрола ги приложивме сите клинички испитувања на кои се повикуваме на нашиот сајт и од кои јасно се гледаат сите позитивни дејства на Тонус лебот за кој на сајтот пишуваме, на инспекцијата и објаснивме дека креатор на лиценцата е  Антонов Владимир академик и дека својот труд на патентирање на технологијата на производство на Тонус лебот ја објавил во рамки на научната институција во која е ангажиран, но Договорот за лиценца е формиран so фирмата Академпродукт, затоа што научната институција чиј е тој член нема комерцијален карактер.

Решението на пазарната инспекција кое е донесено на 03.09.2015 година и во кое се налага да ја тргнеме огласната порака „По лиценца на Руската академија на науки“ од телевизија и амбалажи е испочитувано.

Деталните проверки на пазарната инспекција почнаа ова година кога добивме налог на инспекциите да го тргнеме тврдењето „не содржи ГМО“ , што беше одбиено од наша страна, бидејќи ги имаме сите анализи кои тоа тврдење го докажуваат.

Со скандалозни наслови се замаглува суштината на работата, а тоа е дека Тонус е навистина леб на здравјето и со задоволство на сите заинтересирани ќе им ги прикажеме клиничките испитувања кои го потврдуваат тоа.

- Руска Академија на медицински Наука - Научно-истражувачки институт за исхрана

- Институт за биофизика

- Министерство за здравје на Руска федерације, депатман за државен санитарно-епидемиолошки надзор

- Дијабетичарски центар при православна катедрална поликлиници "Свети евангелист Лука"

- Руска академија на науки - Сибирско оделение

- Наицонален центар за хигиена, медицинска екологија и исхрана РФ

И покрај се што се говори и пишува, наш најсилен аргумент се задоволните потрошувачи, кои активно ни се јавуваат со мејлови на поддршја, спремни се да сведочат за позитивните дејства на Тонус лебот и во оваа прилика ги повикуваме уште поактивно да се вклучат во таа кампања“, велат од Тонус компанијата.

Инаку овој Тонус е бренд кој се пробива на нашиот пазар и работи исправно, согласно со македонската регулатива за означување и рекламирање.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација