14 Декември, 2025
0.0474

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: Медиумите од Албанија се мајтапат со тоа што командант на УЧК ќе биде технички премиер

Објавено во: Македонија 30 Декември, 2023 17:18

Добивај вести на Viber

Демократски сојуз вели дека СДСМ ги плаќа фактурите на ДУИ и Алијансата за Албанците, за да биде на власт уште неколку денови.

„Медиумите од соседна Албанија се мајтапат со тоа што командант на УЧК ќе биде технички премиер на Македонија, невиден скандал во Судскиот совет каде кадар на ДУИ бара смена на претседстелот на Врховниот суд, поради тоа што бил против повторно активирање на аболицијата на Ѓорге Иванов, скандалозни конкурси за вработување во врвни здравствени институции (терциарна здравствена заштита) со елиминација на Македонци, конкурс во Македонски шуми за вработување на Албанци во Берово, Крива Паланка, Демир Капија, каде што не живеат Албанци, а се елиминираат Македонци, ја привршуваат постапката за распродажба на водени ресурси, продолжуваат со најкриминалниот проект со Бехтел и Енка, блокадата од Бугарија на евроинтеграциите на Македонија ја маргинализираат и на големо промовираат наводни големи дипломатски успеси итн“, велат од партијата. 

Додаваат дека алчноста на власта предизвика колапс на институциите,  државата се задолжува во странските банки, се предвидуваат над 600 милиони евра за изборен поткуп, спречуваат да се комплетира ДИК итн.

Во гостување на ТВ Клан Албанија, лидерот на ДУИ, Али Ахмети се пофали дека Талат Џафери на крајот на јануари ќе стане првиот премиер Албанец во Македонија.

„ОВК во 2001 година потпиша договор со НАТО за демобилизација. Униформата на ОВК останува споменик на историската меморија, неа ја има секој војник, со моќна гаранција дека нема да биде злоупотребена“, рече Ахмети. 

Очигледно беше дека и другите гости во емисијата се насмевнаа на одговорот на Ахмети. 

Можеби ќе ве интересира

„Сејф сити“ го „закочи“ Тетово

„Сејф сити“ го „закочи“ Тетово

Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово

Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово

Одрон на патот Охрид – Св. Наум, сообраќајот се одвива по една лента

Одрон на патот Охрид – Св. Наум, сообраќајот се одвива по една лента

Спречен увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил

Спречен увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил

СПАСОВСКИ: Македонија не смее да стане земја што ќе спроведува азилски постапки за други држави, а притоа да ѝ остануваат мигранти што нема каде да ги врати

СПАСОВСКИ: Македонија не смее да стане земја што ќе спроведува азилски постапки за други држави, а притоа да ѝ остануваат мигранти што нема каде да ги врати

„ДЕЛОВНА ТАЈНА Е ДЕКА НЕ' ТРУЈАТ“: Арсовска тврди дека загадувачите добиле право да ги кријат доказите под мотото „деловна тајна“

„ДЕЛОВНА ТАЈНА Е ДЕКА НЕ' ТРУЈАТ“: Арсовска тврди дека загадувачите добиле право да ги кријат доказите под мотото „деловна тајна“

УАПСЕН ЕКС ДРЖАВНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Осомничен е за поткуп од десетици илјади евра

УАПСЕН ЕКС ДРЖАВНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Осомничен е за поткуп од десетици илјади евра

Во Кочани одржан 33. Марш за ангелите

Во Кочани одржан 33. Марш за ангелите

Најголемиот шлепер во Македонија го вози жена и тоа токму оваа: „Најтешко е да си далеку од дома и од блиските“ - Цеце Мирчевска за „Женски магазин“

Најголемиот шлепер во Македонија го вози жена и тоа токму оваа: „Најтешко е да си далеку од дома и од блиските“ - Цеце Мирчевска за „Женски магазин“